Период од возраста на вашето бебе кога најчесто мајките се соочуваат со промена во распоредот и фреквенција на подоите пропратени со често плачење, доењето станува почесто или одеднаш бебе кое што дотогаш доело почнува да ја одбива градата. Да ја цитираме реченицата на мајките “како дома да имаме друго бебе”.

Зошто токму во овој период?

Постојат периоди на скокови во развој на вашето бебе – тоа се периоди кога менталните функции и физиолошките функции се развиваат. Периоди во кои психолошкиот развој на вашето бебе се развива и станува посовршен.

Периодот околку 11-12 недела возраст е четвртиот период на скок во развој. Овој период се нарекува период на благи промени и е токму поврзан со оваа возраст. Кои промени ќе ги забележите кај вашето бебе? Она што најмногу се забележува се следниве промени: вашето бебе бара повеќе внимание – често пати поврзано со почесто доење. Ова е причина што мајките се загрижуваат – “Дали имам доволно млеко, моето бебе е постојано на града?” Следна промена е: вашето бебе спие помалку, често е плачливо. Ова повторно води кон поврзаност со мајката и често доење на кое повторно се навраќаме со загриженоста на мајката дали има доволно млеко. Бебињата во овој период го губат апетитот што не води кон уште една нова дилема кај мајките. Реакцијата од страна на бебето е одбивање на градата. Бебето кое дотогаш доело почнува да несака да дои. Мајките се повторно загрижени. Бебињата почнуваат почесто да го цицаат палецот и да ги ставаат рачињата во уста. Во овој период ова не е еден од знаците за глад туку период кога бебето си го открива палецот се запознава со своите рачиња. Мајките кои знаат да ги препознаат знаците за глад во овој период се загрижени бидејќи иако бебињата почесто цицаат сепак ги ставаат рачињата во уста. Но, сега овој знак претставува знак дека вашето бебе расте и се развива.

Можеби ќе ви се допадне:   Совети и препораки за трудници и мајки во време на пандемија со Коронавирус (COVID-19)

Други промени кои се поврзани со овој период на скок во развој се: почнуваат да покажуваат срамење од лица кои дотогаш не ги сретнале, плачат почесто одеднаш без причина, бараат поголемо внимание од вас, не само вашето присуство туку и интеракција од ваша страна.

Но првите, погоренаведените промени се оние што најмногу ги загрижуваат мајките и се често поврзани со доењето. Без да се двоумите само бидете трпеливи и доколку сте во можност посетете го вашиот матичен педијатар кој ќе го прегледа и измери вашето бебе. Напредокот во растот и тежината секогаш е доволна потврда дека мајката има доволно млеко. Сето тоа ќе допринесе да бидете посмирени и трпеливо да го поминете овој период на скок во развој. Ова е најтешкиот и најдолгиот период на скок во развој кој трае околу месец и половина. Најчесто е период од мајчинството кога често мајките се прашуваат дали да продолжат да дојат, дали имаат млеко, зошто се ваквите реакции од страна на бебето ако има доволно млеко? Затоа мајки бидете трпеливи и помогнете му на вашето бебе да го помине овој период на благи транзиции во својот развој. Посетете педијатар или консултирајте консултант за лактација кој ќе ви даде совет и ќе потврди дали вашето млеко е доволно за вашето бебе и дали тоа добро напредува. Практикувајте доењето да биде кога вашето бебе е полузаспано, нерасонето. Во овој период бебињата цицаат повеќе во текот на ноќта. Кај некои бебиња кај кои веќе одреден период ноќните подои биле намалени или воопшто не се буделе во текот на ноќта во овој период бројот на подои во текот на ноќта се зголемува.

Можеби ќе ви се допадне:   Доење во јавност

Во текот на првите две години постојат 10 периоди на скокови во развој. Но овој период на оваа возраст искуството и праксата ни покажува дека мајките се највознемирени и уморни. Честите доења, честа вознемиреност и плачливост се причина за безброј прашања од страна на мајката поврзани со доењето и количината на мајчиното млеко.