Најновите истражувања покажуваат дека 9 од 10 жени започнуваат со доење на своите деца. Повеќето жени сакаат да дојат. За жал, и покрај нашите желби, надежи и напори, понекогаш доењето не функционира.
Ако го читате ова и доживувањето на доењето не e како што сте очекувале, ве молиме да се консултирате со сертифициран консултат за доење.
Неуспешно доење
Многу мајки имаат длабоко чувство на загуба кога не можат да дојат, било воопшто или колку што планирале. Ова е природно. Важно е да си дозволите да ги чувствувате тие емоции. Сепак, подеднакво е важно да не мислите за себе како неуспешни мајки. Можеби нема да бидете задоволни од вашето искуство и работите не можат да поминат како што сте планирале, но вие апсолутно не сте неуспешни кога станува збор за доењето. Дури и ако вашето дете цицало само еден ден, ова е скапоцен подарок и нешто со кое треба да се гордеете.
Исто така честа појава за мајките е да се чувствува виновна. Се чини дека вината станала “професионален ризик” за мајката. Наместо чувство на вина, можеби мајките треба да се чувствуваат лути. Зошто речиси сите жени започнале со доење, но помалку од половина од бебињата се екслузивно доени до 4 месеци? Во многу случаи, тоа е затоа што нивните мајки не ги добиле вистинските информации и вистинската поддршка, во вистинско време. Така се основале сите здруженија за советници за доење и се овозможува соодветна едукација според унифицирани протоколи.Сертифицираните консултати ги следат овие протоколи и можат да ви помогнат доколку имате проблем со доењето,Најважно од се е навреме да се консултирате со консултант за доење.
Вашите опции ако не доите
Бебињата до 12 месеци бараат мајчино млеко или формула да растат и да се развиваат. Ако не го доите вашето бебе, можете да:
- Измолзувате мајчино млеко
- Користите мајчино млеко од донор од банка за мајчино млеко(ова сеуште не е достапно во нашата земја)
- Користите формула
- Користете комбинација од било кое или од сите горенаведени.
Понекогаш мајката одлучува да продолжи со доењето по пауза. Со трпеливост и одлучност (и кооперативно бебе), мајката често може успешно да го обнови снабдувањето со млеко. За повеќе информации за релактацијата, контактирајте го советникот за доење.
Доење по вторпат
Многу жени можат да го дојат своето следно бебе, дури и ако доењето не успее со претходното дете. Работи што можат да помогнат се:
- Зборувајќи за вашето претходно искуство со доењето со советник за доење
- Присуствувајте на часови за доење
- Подгответе план за доење
- Консултирајте сертифициран консултант за доење