
Секоја трудница неминовно си поставува прашања најпрво на себе, а потоа и на соодветните стручни лица „Дали бременоста ќе помине во најдобар ред“, „Дали со новороденчето ќе биде се во ред“, „Дали породувањето ќе биде во ред“ и најважното прашање „ДАЛИ ПОРОДУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ БОЛНО“.
Историјата на различните цивилизации докажува дека човекот низ времето се трудел да пронајде соодветен начин да ја отстрани болката при породувањето или интензитетот на болката да се намали до најмала можна мерка.
Како и секој друг процес и раѓањето претставува една од физиолошките функции на женскиот организам. Самото стегање (контракција) на матката, кое помага во истиснување на плодот не би требао да биде болно. Но, во реалноста породувањето во голема мера е поврзано со болка. Затоа меѓу луѓето, а во голем дел и меѓу здравствените работници, болките кои настануваат за време на породувањето се нарекуват „породилни болки“.
Многу стручни лица кои работат на полето на „болка при породување“ низ изминативе години, го поврзуваат со степенот на цивилизираност на родилките.
Интересен е податокот дека степенот на болно породување е поголем во поцивилизираните и развиените области отколку во примитивните и рурални подрачја. Во одредение ситуации болка при раѓање и не постои (околку 20% од родилките во светот).
Овие податоци им дале повод на научниците да истражуваат на полето „болно породување”.
Познатиот британски акушер Г.Д. Рид (1931), споредувајќи ги породувањата на цивилизираните и нецивилизираните жени дошол до заклучок дека основната причина за породилната болка е СТРАВОТ кај цивилизираните жени кој го наметнува самата цивиизација. Тој објаснува: СТРАВОТ води кон душевна напнатост, неповолна состојба на нервниот систем, но истовремено стравот предизвикува и физичка напнатост. Таа физичка напнатост допринесува за спазам (грч) на матката (која претставува мускулен орган) и сето тоа допринесува за неправилна работа на мускулот , а несоодветната активност на самиот мускул (матката) предизвукува болка. Целиот овој круг на процеси кои се одвиваат еден по друг го поттикнува да изгради свој метод кој ќе им помогне на родилките да го надминат стравот, а со тоа да ја совладат и болката. Неговиот метод се состои од елиминирање на стравот, запознавање на жената со анатомијата и физиологијата на органите кои учествуваат во породувањето, да ја едуцира жената како да се релаксира за време на породувањето како и потребата од близок контакт на здравствен работник или близок член за време на породувањето. Ваквата постапка доведува до исчезнување на болката или во најдобар случај до намалување на болката до најнизок праг.
Др. Рид се смета за основоположник на психофизичката подготовка на трудницата за породување. Неговите основни методи понатаму се доусовршуваат. Еден од најсовремените методи кој е и најдобро опишан е психорофилактичкиот медот кој се појавува во 1948 год. во Русија, а се користи до ден денес насекаде во светот, па и во Балканските земји.
Авторите на психопрофилактичкиот метод за безболно породување, во своите истражувања и врз основа на бројни сознанија, дошле до еден заеднички став дека породувањето е физиолошки акт на организмот. Податокот дека кај примитивните народи, породувањето воглавно било безболно, им го потврдува ставот како исправен. После долгогодишната работа на ова поле се доаѓа до сознание дека породувањето може да биде помалку болно и дека болката може значајно да се намали.
Автор: Јасна Апостолски – Николов – Дипл. мед. сестра, Сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници, IBCLC