
Проверете ги пресвртниците кои ги достигнало вашето дете до крајот на 2-та година. Разговарајте со лекарот на вашето дете при секоја посета за пресвртниците кои ги достигнало вашето дете и што можете да очекувате понатаму.
Што прават повеќето деца на оваа возраст:
Социјално и емоционално
- Ги копира другите, особено возрасните и постарите деца
- Се возбудува кога е со други деца
- Покажува се повеќе и повеќе независност
- Покажува пркосно однесување (правејќи го она што му е кажано да не го прави)
- Игра главно покрај другите деца, но почнува да вклучува кон група деца, како што е играта бркотница
Јазик / комуникација
- Покажува работи или слики кога тие се именувани
- Ги знае имињата на познатите луѓе и делови од телото
- Склопува реченици со 2 до 4 зборови
- Следи едноставни инструкции
- Ги повторува зборовите во разговор
- Покажува работи во книга
Когнитивни (учење, размислување, справување со предизвици)
- Ги наоѓа работите дури и кога се скриени под два или три слоеви
- Почнува да ги сортира облиците и боите
- Завршува реченици и рими во познати книги
- Игра едноставни игри
- Гради кули од 4 или повеќе блокови
- Може да ја користи едната рака повеќе од другата
- Следи инструкции во два чекори како што се “Земи ги чевлите и стави ги во плакарот”.
- Именува предмети во сликовница како мачка, птица или куче
Движење / физички развој
- Стои на прсти
- Удира топка
- Почнува да трча
- Се качува и се симнува по мебел без помош
- Оди нагоре и надолу по скалите држејќи се
- Фрла топка нагоре
- Прави или копира права линии и кругови
Реагирајте навреме и консултирајте се со лекарот на вашето дете доколку вашето дете:
- Не користи фрази со 2 зборови (на пример, “пие млеко”)
- Не знае што да прави со познати работи, како четка, телефон, вилушка, лажица
- Не ги копира дејствата и зборовите
- Не следи едноставни инструкции
- Не оди самостојно
- Ги губи вештините кои некогаш ги имало
Се препорачува децата да бидат ставени на скрининг за општ развој со употреба на стандардизирани, валидирани алатки на 9, 18 и 24 или 30 месеци, а за аутизам 18 и 24 месеци или кога родителот или старателот е загрижен. Консултирајте го докторот на вашето дете за развоен скрининг на вашето дете.


































