Најчесто во одредени периоди постои карактеристично однесување на бебињата по кое се препознава дека нешто ги предизвикува овие знаци, а притоа причината родителите не можат да ја откријат. Плачењето, вознемиреноста и несигурноста се најчестите знаци кои се карактеристични за овие периоди. Врз основа на долгогодишно истражување утврдено е дека овие знаци се појавуваат во перидот кога бебето прави поголем чекор во својот ментален развој.

Добро е познато дека процесот на физички развој на бебето е наречен “скок во равој”. Детскиот ментален развој напредува на ист начин.

Неодамнешните студии покажуваат дека најголемите промени во мозокот и неговиот развој се случуваат во првите 20 месеци од животот. Секоја промена го води бебето/детето еден чекор напред во неговиот развој. Кога само ќе размислиме дека во првите две години имаме околу 10 периоди на плачење, вознемиреност и несигурност кај бебињата само можеме да заклучиме дека растењето и созревањето се сложен процес.

Можеби ќе ви се допадне:   Чисти алишта без хемикалии и алергени со новиот комплетно разградлив прашок за перење CLEEN