
Кратко пред почетокот на периодот, ненадејна и екстремно брза промена се јавува кај бебето. Тоа е промена во нервниот систем, главно во мозокот и може да биде следена со одредени промени во физичкиот развој. Ова се нарекува “голема промена”. Секоја голема промена допринесува бебето да има поинаква перцепција и ја менува досегашната перцепција. Секој нареден пат и секој нов и поинаков начин на перцепција значи учење на нови вештини соодветни за неговото однесување во околината. На пример, на возраст од 8 недели се случува првиот период на “скок во развој” кога бебето за прв пат се соочува со првата промена во развојот на мозокот. За прв пат се соочува со предизвикот во неговиот ментален развој. Во периодот на промените кои ги носи секој период на скок во развојот ќе забележите нов начина на однесување на бебето.
На почетокот во периодот на вознемиреност што го носи промената во развојот, ќе можете да ги забележите новите промени во однесувањето. Набргу после тоа ќе бидете уверени во тоа. На пример: на возраст од 8 недели, вашето бебе одеднаш ќе почне да покажува интерес за форми на предметите, структурата, моделот како што се конзервите на полиците во супермаркетите, или решетките на неговото креветче. Исто така ќе забележите и промени во физичкиот развој. Ќе може да ги контролира движењата на своето тело, затоа што сега веќе може да препознае дека неговите раце и нозе имаат заеднички движења кои тоа може да ги координира. Значи, големата промена во развојот ја менува перцепцијата на сензациите како внатрешно така и надворешно.
Во одреден период работите може да станат и тешки за да се справите со нив. Постојат моменти кога настапува плачење без причина, кога плачливоста и вознемиреноста траат подолго и притоа не можете да го смирите бебето иако користите секаков метод кој претходно помагал. Кога ваквото однесување на бебето трае подолго мајките често ги носат децата на педијатар затоа што веќе се сомневаат дека бебето е болно или нешто го боли. И самите мајки стануват вознемирени бидејќи не можат да се справат со ненадејната вознемиреност кај бебето.































