Набљудувајќи го сопственото бебе како расте, за многу родители е интересен и возбудлив дел од периодот на родителството. Тоа е едно големо искуство за секој родител. Родителите сакаат да го документираат секој момент од развојот на своето дете, моментот кога прв пат седнува, кога ги кажува првите зборови, кога ги прави првите чекори и многу други работи кои се именуваат како “први”.

Родителите препознаваат дека перцепцијата во светот на бебињата се развива и менува кога ќе видат одредена промена, како бебето почнува интеракција со нив во одредени игри, како го препознава гласот на бабата, како препознава ликови со кои се сретнува секојдневно и сл. Овие мигови се исто така значајни како и првиот пат кога бебето ќе почне да лази, но и донекаде мистериозни за родителите бидејќи позадината на овие активности се работи кои се случуваат во мозочето на бебето, а притоа ние не можеме да ги видиме. Сето тоа е доказ дека и мозокот на бебето се развива исто толку брзо како и нивното бебе.

Порано или подоцна секој родител открива дека првите 20 месеци од животот на своето дете се како еден нерамен пат. Додека родителите уживаат во развојот на своето дете и се радуваат на секој напредок, сето тоа може во одреден момент да ги стави во двоумица. Нивните деца се менуваат толку брзо што често пати додека сеуште не се навикнале на новата промена, следува чекор понапред во развојот на нивното дете.

Во одреден момент животот со дете може да биде едно исцрпувачко искуство. Плачењето без позната причина, раздразливоста, вознемиреноста кај бебињата може да ги насочи и родителите во очај, размислувајќи што се случува со нивното бебе, трудејќи се на секој начин да му удоволат, да го смират и пружат утеха, а притоа немаат никаков успех.

Можеби ќе ви се допадне:   Заштитете го бебето за време на топлиот летен период