Наши трудници и идни родители,

Bio Save Македонија е дел од Bio Save Group, компанија што е присутна во седум земји од регионот. Нашата група е регионален партнер со најголемата банка за сочувување на матични клетки во Европа и е 4-та по големина банка во светот, FamiCord Group. Како приватна семејна банка и како партнери, Вам Ви нудиме комплетна услуга за безбедно криопрезервирање на крв и ткиво од папочна врвца за Вашето дете и Вашето семејство, советување и целосно информирање за понудените опции за да можете да направите правилна одлука и најдобар избор според Вашите потреби, но и во иднина, целосна подршка во случај на потреба за лекување преку Bio Save- фондација, што како засебна организација дополнително ја обезбедивме со цел да Ви понудиме комплетна услуга.

Токму нашата долгогодишна и посветена работа допринесе да направиме сериозен исчекор и да одбележиме еден нов успех во нашиот регион каде што Bio Save e  присутна во земјите од Балканот, со успешно спроведување на првите трансплантации на матични клетки од папочна врвца сочувани како залог за побезбедна иднина за децата. Сите наши заложби и целиот наш труд во запознавање на нашите трудници и идни родители со оваа уникатна можност за сочувување но и користење на матични клетки од папочна врвца како преферабилен извор на матични клетки за успешно и ефикасно лекување на сите нам за прв пат ни донесе директни искуства и во лекувањата токму за оние кои нам ни ја доверија својата доверба како компанија.

Во 2021 година, Bio Save- фондацијата се вклучи и со својот медицински тим помогна во спроведувањето на вкупно 5 трансплантации на матични клетки од папочна врвца за пациенти кои претходно се одлучиле да ги сочуваат овие навистина уникатни и вредни матични клетки.

Можеби ќе ви се допадне:   "Утринска мачнина" во бременост

Две деца се од Црна Гора со дијагноза церебрална парализа, додека уште три деца се со аутизам, едното од Хрватска, двете од Србија, сите се на возраст од 6 до 9 години. Матични клетки од попочната врвца беа користени за време на овие терапии а биле зачувани или при раѓањето на сега заболените дечиња или за нивните браќа и сестри преку Bio Save. Сите спроведени терапии биле многу задоволителни и со мали или без несакани ефекти.

Овој заеднички успех нека не охрабри сите нас во иднина уште повеќе да се вклучиме во правилно информирање и запознавање со ова непроценливо богатство во папочната врвца и заеднички да застанеме пред предизвикот да одговориме на потребата од лекување со матични клетки од папочна врвца онаму каде што е тоа потребно.

Медицинскиот тимот на Bio Save е тука да одговори на сите Ваши прашања. Ве очекуваме на некој од нашите телефонски броеви:

075/ 34 34 33

072/ 22 93 37

071/ 36 07 70

Советување за опциите и понуди можете да добиете и на нашиот маил: info@biosave.mk

Ви посакуваме мирна и убава бременост.

Bio Save – Македонија