Важно е да го измолзите вашето млеко за да го воспоставите и да ја одржите лактацијата  доколку вашето бебе воопшто не цица или не прима доволно мајчино млеко. Со одмолзувањето, исто така, ќе го имате вашето млеко на располагање за да го нахраните бебето – секоја количина мајчино млеко кое бебето ја добива (дури и најмалата количина) е како течно злато.

Кога мајката треба да почне да се одмолзува?

Ако бебето не почне да цица веднаш по породувањето, мама треба да започне со одмолзување во рок од 6 часа по раѓањето на бебето – од тоа дали веднаш по породувањето ќе почнете да доите зависи идното производство на млеко. Доколку бебето е добро после неколку часа од раѓањето  ќе ви го донесат  и ќе треба да го започнете доењето. Доколку  од одредени медицински причини бебето треба да биде одвоено од вас, после 6 часа од породувањето треба да започнете со одмолзување на млекото. Секако тоа млеко е колострумот кое бебето треба да го прими. Можете да го собирате во стерилен сад и да го дадете на медицинскиот персонал да му го даде на бебето на начин на кој во моментот го хранат (со шприц,чашка,или преку сонда,во зависност од здравствената состојба на бебето).

Која пумпа е најдобра?

Доколку бебето не цица, побарајте пумпа од болницата (двојна пумпа) која ќе ви овозможи да ги измолзувате двете гради во исто време. Болничката пумпа е најдобриот избор за одржување или зголемување на снабдувањето со млеко.

Доколку од болницата не можете да добиете пумпа, размислете за купување на пумпа (по можност квалитетна двојна пумпа) и / или за рачно измолзување. иЛи размислете да измајмите пумпа.

Можеби ќе ви се допадне:   Зошто бебињата икаат?

Колку млеко треба да се одмолзи доколку мајката не дои?

Во првите 24-48 часа после раѓањето  колострумот се лачи во мали количини од 2-10 мл.Но,за бебето е важно да го добие колострумот. Мајките се обесхрабруваат во првите денови бидејќи очекуваат кога ќе ја притиснат градата да тече млеко. Зрелото млеко наодаѓа после 72 часа од раѓањето на бебето и тој процес кој се нарекува секреторна фаза на лактацијата која  исто така зависи од породувањето дали било природно или со царски рез. Но,и во двата случаи доколку бебето неможе да цица мајката треба да се одмолзува на секои 2 часа(8-12 пати во текот на 24 часа) за да ја поттикне и одржи лактацијата.

Откако ќе се воспостави лактацијата 7-10 дена по породувањето стремете се да одмолзувате по 750-800 мл. во тек на 24 часа. Ако имате близнаци или повеќе бебиња, стремете се да одмолзувате 800-950 мл.

Корисно е да се процени колку изнесува 24 часовното одмолзување на мајчино млеко во период од 10 дена. Ако снабдувањето граничи со (350-500 мл.) или е пониско (помалку од 350 мл.), тогаш треба да се земат предвид галактогогите (рецепт за лекови или билки за зголемување на снабдувањето со мајчино млеко) или други интервенции. Консултирајте се со консултант за лактација кој ќе ви помгне на кој начин можете да ја поттикнете и зголемите лактацијата.

Истражувањата покажуваат дека производството на млеко во првите 2 недели е показател за исходот од доењето, па затоа важно е добро да стартувате. Меѓутоа, дури и ако производството на млеко не е  доволно, сепак не се обесхрабрувајте – многу мајки ќе забележат зголемување (дури и до 9-15 недели по раѓањето), доколку продолжат со редовно одмолзување.

Можеби ќе ви се допадне:   „Мојата приказна“ со Маја Ризов