
Ремуматоидниот артритис е автоимуно заболување кое се карактеризира со воспалителен процес кој ги зафаќа најчесто зглобовите на раката но, може да се појави и на другите зглобови на телото (колено, лакт, рамо). Се карактеризира со болки и вкочанетост на шаката и стопалото кои се најинтензивни во утринските часови и исчезнуваат после половина час, замор и ограничување во движењата. Инциденцата на појавување е поголема кај жените отколку кај мажите.
Не постои контраиндикација кај жените кои боледуваат од РА за бременост и доење. Бременоста не се поврзува со долгорочниот исход на болеста. Последиците во бременоста се многу ретки, затоа се очекува нормална бременост, породување и раѓање на здраво бебе. Кај ¾ од жените се забележува намалување на симптомите во тек на бременоста, па дури и ремисија на болеста за време на бременоста. Подобрување на состојбата се забележува во првиот триместар од бременоста и продолжува до крајот на бременоста. Позитивниот исход од се ова е намалување на лековите кои претходно се користеле на минимални дози. Негативната страна е што симптомите на болеста се влошуваат после породувањето најчесто во првите неколку часа и трае во првите три месеци. Времето кога болеста станува активна е во првите 4-6 недели после породувањето. Влошувањето на состојбата може да прогредира во првите 6 месеци, целосно враќање на состојбата како што била пред бременоста е една година после породувањето. Вашиот лекар спец. ревматолог кој ве лекува ја одредува дозата на лековите кои можат да се употребуваат и додека доите.
Кои лекови може да ги употребува мајка која дои и боледува од Реуматоиден артритис?
Најчестиот симптом е болката и вкочанетост во зглобовите. За болка може да се конзумираат лекови кои во поголемиот дел се компактибилни со доењето. Консултирајте се со вашиот лекар или консултант за доење кои лекови се компактибилни со доењето. Доколку е потребна специифична терапија за лекување со кортикостероиди се препорачува дозата да биде минимална. Ако лекарот процени дека состојбата се влошува и е потребна терапија со антиревматици можеби ќе биде потребно да се прекине доењето, но сепак најпрво се разгледува онаа терапија согласно состојбата на мајката при која не е потребно да се прекине доењето.
Совети за мајката која дои, и боледува од Реуматоиден артритис
Овие мајки често се соочуваат со болки при завземање на одредена положба при доење. Во консултација со консултант за доење може да се одбере соодветна положба за мајката која ќе и овозможи комфорно положба додека дои и соодветна положба за бебето. Користењето на перници, скали за подигање на нозете и други помагала можат да обезбедат безболна положба за мајката и стабилно држење на рацете и нозете без да чувствува болка која може да биде непријатна.
Употребата на слинг марама во почетокот додека бебето е со помала тежина може да биде корисна. Држење на бебето во раце при доење најчесто ја потенцира болката и вкочанетоста во зглобовите кај мајката. Потребна е поддршка и соработка со мајката од страна на фамилијата и консултант за лактација за надминување на сите потешкотии и обезбедување на успешно доење.



































