
Да почнеме од почетокот во првите неколку саати после породувањето.
Измолзувањето на мала количина на колострум (кој во првиот ден после породувањето се лачи во количина околу 37 мл. во првите 24 часа) може да биде предизвик за новите родители и здравствените работиници кои им помагаат.
Најчестата рекација е “немам доволно млеко или ова е малку млеко и не е доволно за вашето бебе“. Измолзувањето на колострумот во првиот час после породувањето е добра стимулација за зголемување на продукцијата на мајчиното млеко. Очекувањата на новите мајки доилки се дека кога би се измолзувале во првите часови после породувањето треба да има голема количина на млеко за да бидат сигурни дека имаат доволно за своето новроденче. Затоа е добро да се едуцираме пред породувањето и овие неколку мали но, корисни совети можат да ви бидат мотив и поттик за успешен почеток на доењето.
Ослободувањето на хормонот окситоцин е клучниот момент за ослободување на млекото – продукцијата на млеко и рефлексот на исфрање на млекото. За ослободување на окситоцинот потребно е доилката да е смирена, во релаксирана атмосфера и со многу трпение. Не размислувајте дали ќе имате доволно млеко за вашето бебе едноставно препуштете се на моментот дека го правите најдоброто за вешето бебе. Дополнително на овој смирен амбиент потребно е да практикувате контакт кожа на кожа со бебето кој пак е тригер за ослободување на окситоцинот.
Консултиратјте и консултант за лактација за правилно рачно измолзување на колострумот.
Консултант за лактација можете да најдете на следниот линк: https://bebelogija.mk/?p=1349
Неколку совети за ефектот од измолзувањето во однос на зголемување на продукцијата на мајчино млеко.
- Бројот на измозлувањата во текот на денот не треба да е помалку од 8 пати.
- Користете и масажа со рацете додека се измолзувате. “Hands on pumping” може да помогне за зголемување на продкуцијата на мајчино млеко. Оваа техника е откриена од педијатарот Џејн Мортон и нејзините истражувања потврдуваат дека за зголемување на продукцијата не е доволна само пумпата за измозлување. Употребата на мануелните техники како масажа на градите, компресии и рачното измолзување заедно со измолзување со пумпа значително влијаат на зголемување на продукцијата на мајчино млеко. Ова е од особено значење за мајките на предвремено родените бебиња чија цел е да ја стимулираат и зголемат продукцијата на мајчиното млеко до моментот кога бебето ќе почне да цица.
Нарачајте пумпа за измолзување на следниот линк: https://bebelogija.mk/onlajn-prodavnica/
Како правилно да ја применувате техниката “Hands On Pumping”?
- Пред почеток на сесијата на измолзување масирајте ги градите неколку минути. Благата масажа ги стимулира хормоните за ослободување на млекото.
- Без разлика дали користите единечна или двојна пумпа користете блага масажа или компресии додека измолзувате.
- Откако млазот на млекото ќе се намали исклучете ја пумата и повторно масирајте ги градите. Обрнете внимание на оние места каде цувствувате дека градата е полна или има грутки.
- Завршете го измолзувањето со пуммпа или со техниката на рачно измолзување.
Оваа техника има поголем ефект после 3-4 ден после породувањто кога веќе и природно е зголемена продукцијата на мајчиното млеко.
- Колку треба да биде растојанието од една до друга сесија на измолзување? Растојанието не треба да биде повеќе од 3 часа. Доколку во текот на ноќта се направи пауза од 8 часа тоа значително може да ја намали продукцијата на мајчино млеко (Mohrbacher, 2011).
- Практикувајте контакт “кожа на кожа”. Докажано делува на зголемена продукција на мајчино млеко.
- Одберете пумпа со соодветна големина на инката за измолзување. Доколку инката за измозлување на одговара на големината на брадавицата може да немаме ефект од измолзувањето како метода за стимулација на продукцијата на мајчино млеко. Исто така големината на инката може да се менува во текот на доењето. Кај некои доилки се употребуваат различни големини на инки во текот на доењето. Пред да купите пумпа за измолзување разгледајте од пумпите чии инки се прилагодуватт на секоја големина на брадавица.
- Неколку студии е докажуваат дека слушање на музика за време на измолзувањето го намалува стресот и напнатоста кои влијаат на рефлексот на исфрлање на млекото. При измозлувањето одберете музика која ве релаксира.
- Кога треба да се измолзуваме доколку ни е потребно да ја згомелиме продукцијата на мајчиното млеко, а бебето цица? Веднаш после подојот доколку доилката се измозлува количината на мајчиното млеко е мала, момент кој ја колеба самодовербата кај доилката и ја наведува да помисли дека нема млеко. Најдобро е да се измозлуваме еден час после подојот и очекувано е количината на мајчиното млеко да биде половина од она што е потребно за подојот. Некогаш доилките сметаат дека треба да помине подолг период после подојот, градите да се наполнат за да се одмолзат. Во тој случај може да ја намалиме продукцијата на млеко бидејќи градата добива сигнал дека не треба да произведува млеко. Колку почесто се празни градата толку повеќе млеко произведува.
Запомнете: количината на измолзено млеко не е показател колку млеко има градата. Измолзувањето е само додатна метода која стимулира продукција на мајчино млеко. Највжно е доколку мајката и бебето не се одвоени бебето да цица на града и да се практикува контакт кожа на кожа. Измолзувањето да го користиме во случај кога е потребно да ја зголемиме продукцијата на мајчино млеко.
Пишува: Јасна Апостолски Николов дипл.мед.сестра, IBCLC консултант за доење, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници