Како што е наведено во првиот дел на овој текст алтернативните методи се начин на хранење за да се избегне употребата на шишето се додека не започне доењето кое од различни медицински индикации не е започнато веднаш после раѓањето или е прекинато поради потребата бебето да биде одвоено од мајката.

Да продолжиме со примерите за алтернативни методи на хранење.

Хранење со шприц

Најчесто се користи првите денови после раѓањето, постојат шприцеви со специјална намена за давање на колострумот (бидејќи колострумот се лачи во помала количина) и шприцеви со кои може да се даде до 20 мл. измолзено мајчино млеко (консултантите за лактација користат обични шприцеви за оваа намена иако постојат и специјални шприцеви како и за колострумот). Позитивна страна на употребата на шприц како алтернативен метод е тоа што обезбедува млаз на млеко исто како кога бебето цица на града, овозможува бебето да го стимулира и развие рефлексот за цицање, овозможува координација на движењата на јазикот и устата како и стимулација на перисталтиката на јазикот како еден од главните органи кој учествува во цицањето. На мајките им се даваат насоки за употребата на шприц како алтернативен метод.

       

“Finger feeding”

Хранење на прст кое многу често се употребува како метод кој овозможува поголема сигурност кај мајките, а истовремено допринесува за стимулирање и развивање на рефлексот за цицање. Еден од омилените методи за хранење на бебето од мајките кои сакаат да ја избегнат употребата на шише. И во нашето советувалиште често го користиме како препорака овој метод за хранење на бебето.

Можеби ќе ви се допадне:   Проблеми при доењето: Премногу млеко и силен рефлекс на исфрлање на млеко

Сликите се во сопственост на https://kayandersonmdmom.com/

Хранење со систем за релактација-SNS/Supplemental nursing system

Иако навидум изгледа нешто невообичаено, но доста е практичен за употреба и често употребуван од мајките со кои работам и кои се дел од моите консултации. Се употребува и кај мајки кај кои треба одреден период да се развие лактацијата и кај мајки кај кои од одредени причини е прекинато доењето и повторно се работи на развој на лактацијата (релактација). Лесен за употреба, а неговата примена соодветно ја заменува градата и се избегнува употребата на шишето. Во светот исто така консултантите за лактација го препорачуваат и неговата примена е бројна повеќе отколку употребата на шише. И од финански аспект е многу подостапен. Кај некои мајки употребата на овој систем е привремена, но има и мајки кои долго време го користат.Кај оние мајки кај кои постои интерес од примена на системот, а сме сигурни дека потребата ќе биде краткотрајна овој систем можеме да го изработиме и самите се со цел да го стимулираме доењето и развиеме лактацијата.

Сликата е во сопственост на breastfeeding.support

На крајот би сакала да ги охрабрам сите мајки кои имаат новороденчиња и кои притоа од одредени причини наидуваат на потешкотии во развојот и воспоставување на лактација и доење, консултантите за лактација се секогаш тука да помогнат наоѓајќи соодветно решение за одреден проблем. Развојот на оваа професија низ годините допринесува за зголемување на стапката на доење и бројот  на среќни мајки кои успеале да ги надминат препреките и да воспостават доење и развој на лактација. Доењето е еден природен процес, но во последно време се повеќе насекаде во светот мајките имаат потреба од помош и поддршка од стручни и едуцирани лица што претставува и еден од десетте чекори за успешно доење. И кај нас има многу храбри мајки со кои заедно сме го поминале овој пат и сега се радуваме на доенечкиот стаж.

Можеби ќе ви се допадне:   Како доењето придонесува кон општеството?

СПОРЕДБА ПОМЕЃУ ДОЕЊЕ И ХРАНЕЊЕ СО ШИШЕНЦЕ

                      ХРАНЕЊЕ СО ШИШЕ                                    ДОЕЊЕ
Цврста брадавица Мека брадавица,со соодветна форма
Нееластична брадавица Брадавица која се издолжува за време на доењето
Протокот на млеко започнува  одеднаш Протокот (млаз) на млеко започнува со појавата на рефлексот на исфрлање на млекото
Времетраењето на хранењето е кратко Времетраењето на еден подој кај новороденче е околу 30-45 мин.
Протокот на млеко е многу брз Млекото истекува  на почетокот побавно, протокот на млеко се засилува за време на рефлексот на исфрање на млекото
Цицањето од шише се одвива со создавање на вакум Цицањето на града се одвива со  перисталтика на јазикот
Јазикот прави испакнатина (грбка)  во задниот дел на устата Јазикот e испружен напред над долната вилица,обвиткувајќи ја градата

Податоците се превземени од:Table 24-1 Compariosn of bottle feeding and breastfeeding, Core Curriculum Interdisciplinary Lactation Care

Пишува: Јасна Апостолски – Николов дипл.мед,сестра, IBCLC (Меѓународен  сертифициран консултант за доење),  Сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници)