Оваа недела се празнува 40 годишнината од постоењето на Меѓународниот код за маркетинг за замена на мајчиното млеко. Секоја една организација, здружение или индивидуален консултант за лактација (IBCLC) на своите портали, веб страни или социјални мрежи кои го поддржуваат доењето споделува дел од содржината на Меѓународниот код. Исто така посебен акцент се става на важноста и значењето на постоењето на оовој Меѓународен кодекс.

Мeѓународниот Код за маркетинг на супституенти за замена на мајчино млеко е усвоен од Светската Здравствена Организација во 1981 година и претставува меѓународна рамка на здравствената политика, меѓународен кодекс на пракса за регулирање на продажбата за супституенти за замена на мајчиното млеко со цел да се заштити и промовира доењето, како и придобивките на мајчиното млеко.

Кодексот е издаден како одговор на масовниот маркетинг на активностите на индустирјата за исхрана на новороденчиња кои промовираат исхрана кај новороденчињата со формула (адаптирано млеко) притоа, ставајќи го доењето како втор избор за исхрана. Целиот тој маркетинг доведе до зголемување на стапката на морбидитетот и морталитетот кај мајките и бебињата занемарувајќи го податокот дека доењето има огромна улога во здравствените придобивки како за бебето така и за мајката.

Која е улогата на Меѓународниот код?

Основната улога на овој Меѓународен код е дека приоритет на секоја држава треба да биде здравјето на бебињата, со тоа да се ограничи маркетингот на супституентите за замена на мајчиното млеко и да се промовира доењето како основна храна на секое новороденче со што ќе се зголеми и стапката на доење во секоја држава која ќе донесе закон и ќе ja усвои примената на Меѓународниот код.

Можеби ќе ви се допадне:   Дали моето мајчино млеко се менува како што моето бебе расте?

Кодексот исто така поставува и стандарди за одбележување и квалитет на производите и за тоа како законот треба да се спроведува и да се следи во секоја земја.

Ограничувањето на маркетингот не значи дека овие производи не смеат да се рекламираат или продаваат или дека не можат да се стават фактички и научни информации за нив. Ниту пак го ограничува изборот на секој родител. Едноставно има за цел да се осигура дека изборот за исхрана на своето дете е направен врз основа на целосни, непристрасни информации, наместо во заблуда заради неточни, пристрасни информации и тврдења врз основа на маркетинг.

Кои се тековните препораки на Светската Здравствена Организација за исхрана на новороденчињата и малите деца?

За да се постигне оптимален раст и развој, СЗО препорачува доенчињата да започнат со исхрана со мајчино млеко и доењето да започне во првиот час после породувањето. Препораката е ексклузивно доење во првите 6 месеци. Потоа, за да се исполнат нутритивните потреби на детето се продолжува со додавање на комплементарна исхрана. Препораката на СЗО е со ваквиот начин на исхрана да се продолжи до втората година на детето. Доколку постои желба и можност на мајката доењето продолжува се додека мајката не одлучи поинаку.

Постои една верзија на Меѓунардиониот Код за маркетинг за супституенти за замена на мајчино млеко, но последователно постојат неколку резолуции усвоени тековно низ изминатите години кои само го дополнуваат овој документ.

На пример:

  • WHA 39.28 – во која се нагласува дека секое родилиште за своите потреби треба да набавува адаптирано млеко преку организирани нарачки, а не да прима бесплатни донации од компаниите.
  • WHA 45.15 – ги повикува земјите членки да обезбедат сигурност и да не дозволат комерцијализиран маркетинг на комплементарната исхрана која ќе го поткопа и оневозможи ексклузивното доење.
  • WHA 54.2 – ажурирани се податоци каде што препораката за ексклузивно доење е до 6 месечна возраст (наместо 4-6 месеци).
Можеби ќе ви се допадне:   Дали може да се складира во ист сад измолзено мајчино млеко од различни денови?

Веродостојната на овој документ е соодветна од моментот на неговото усвојување. Овој документ постои 35 години, а тековно се вршат одредени дополнувања. Секое дополнување е во оној смер со кој ќе се заштити и промовира доењето.

ИЗВОР: https://www.who.int/nutrition/netcode/resolutions/en/