Мотив за овој наслов е се поголемиот број на мајки кои во последно време бараат помош и консултација како резултат на одбивање на бебето на градата. Како податок кој го наведуваат во анкетата е дека уште од самото раѓање дохраната или мајчиното млеко го даваат на бебето е со употреба на шише. Без разлика за какво шише станува збор секое шише е најголем непријател на доењето. Во текстот подоле погледнете ја табелата каде е направена споредбата на доење и употреба на шише. А сега да се навратиме на природата и доењето. Доколку од било кои причини бебето неможе да се храни дирекно на града постојат алтернативни начини на дохранување кои притоа нема да го нарушат рефлексот и начинот на цицање на бебето. Можеби на почетокот додека го читате овој текст ќе ви стане невозможно но, сепак моето искуство покажува дека има храбри мајки кои ги послушале овие совети и ги користеле овие методи на дохрана, а потоа немале проблем со повторно враќање на бебето на града.

Неколку причини зошто да се одбере некој од алтернативните методи, а да се избегне употребата на шише:

  • Тие се поефтини и достапни за секого
  • Едноставни за употреба и одржување (миење и чистење)
  • Бебето е изложено на помалку стрес
  • Соодветен волумен на млеко може да се даде на бебето во времетраење од 20-30 мин. (врементраењето е приближно колку должината на еден подој)
  • Се користат привремено додека постои потреба од истите
  • Подлежат на научни испитувања и докажана е важноста од нивната употреба

Кои помошни средства можат да се користат како алтернативни методи за хранење на бебето?

  • Пипети или капалки – во првите денови кога мајчиното млеко се излачува како колострум и во капки, се додека е помала количината со која бебето се храни можат да се користат капалки или пипети. На овој начин бебето може да се нахрани и истовремено да се зголеми желбата за цицање бидејќи применувајќи го овој метод не ги задоволуваме потребите за доење, само заменуваме доење со начин кој притоа нема да го наруши доењето. Капалките или пипетите можат да се користат и со “finger feeding” (метод на хранење со прст), со цел да се задоволи гладта кај бебето, а потоа да се стави на града да цица.
Можеби ќе ви се допадне:   Првите часови од животот на бебето - Дел 1

Со пипетата исто така може да се капнат неколку капки во аголот на устата на бебето за да се стимулира рефлексот за цицање. Исто така може да се користи и како метод за дохрана со измолзено мајчино млеко доколку подојот не е доволен да ги задоволи потребите за прираст кај новороденчето.

  • Хранење со лажичка – исто така се користи во првите денови од раѓањето од бебето додека се дава колострумот во помали количини, доколку од одредени причини бебето е одвоено од мајката, доклку бебето се подготвува да се префрли на доење или кај бебиња постоперативно со расцеп на устата се додека да зарасне раната. Позитивните страни на хранење со лажичка се: да се избегне употребата на силиконските брадавици и хранење на бебето со шише, да се поттикне доњето кај бебињата кои сеуште не доеле бидејќи се користи истата мускулатура која учествува во доењето или хранење со чашка. Хранењето со лажичка е безбеден метод и кај предвремно родените бебиња после 29гн.

Сликата е во сопственост на Breastfeeding Resources Ontario

  • Хранење со чашка – Овој метод се користи доколку треба да се даде поголема количина на млеко. Постојат специјални чашки за оваа намена кои имаат зашилен врв. Доколку погледнете по едукативните страни ќе ги забележите и специјалните чашки наречени паладаи кои се користат во Индија. Овој метод покрај тоа што ги користи мускулите кои учествуваат во доењето им помага и на бебињата во совладување на исползување на јазикот над и преку долната вилица (правилна поставеност на јазикот за време на доењето). Предвремено родените бебиња можат полесно да се префрлат на града доколку претходно биле хранети со чашка отколку со шише.
Можеби ќе ви се допадне:   Моето бебе ме гриза!! Како да го спречам? Дали треба да престанам да дојам?

                     

Сликата е во сопственост на Motherly                      Паладаи-Сликата е во сопственост на Momspresso

ПРОДОЛЖУВА…

Пишува: Јасна Апостолски Николов дипл.мед,сестра, IBCLC (Меѓународен  сертифициран консултант за доење), сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници)