
Кога станува збор за исхрана кај бебињата и малите деца, сите сакаме нивниот прв чекор во светот на вкусот да биде не само здрав, туку и вкусен. Домашно подготвените кашички, оброци и ужинки се идеален начин да внесете љубов, креативност и нутритивна вредност со секој залак. Денес ви носиме неколку проверени и едноставни рецепти кои ги обожаваат и малечките – и родителите!
Совршен оброк за утрински старт или ужинка
Подготовка:
1.Претходно потопена хељда ставете ја да се вари заедно со праските!
2.Сварените состојки ставете ги во блендер!
3.Поросете со цејлонски цимет и послужете ја кашичката на вашето малечко!
Совет: Оваа кашичка има нежен вкус и е богата со влакна и антиоксиданси!
Каша со овесни и хелдини снегулки, круша и суви сливи
Одлична за дигестивниот систем, особено ако вашето малечкото има потешкотии со варењето.
Подготовка:
- Снегулките натопете ги во млеко или вода 10 минути.
- Сливите варете ги 8 минути, потоа додадете ја исечканата круша и варете уште 5-10 минути.
- Сите состојки измешајте ги во блендер и сервирате млако.

Колачиња од овесни снегулки и чоколадо
Мека ужинка која ќе ја обожаваат поголемите дечиња!
Подготовка:
- Испасирајте банана, додадете пире од костени, путер од јатки, овесни снегулки и чоколадни капки.
- Измешајте ја смесата и формирајте колачиња.
- Печете 15-20 мин. на 190°C.
Совет: Ако се користат чоколадни капки, овој рецепт е за деца постари од 12 месеци
Стапчиња од палента или мини пици
Забавен и хранлив оброк што може да биде и игра!
Како се прават:
- Сварете палента и оставете ја да се излади во тенок слој.
- Исечете ја на ленти или форми по желба.
- Додадете зачини(босилек,оригано) или сос од домати и моцарела за мини пици.
- Печете 10-15 минути на 200°C.
Киноа рижото
За малечките што веќе имаат неколку забчиња и се навикнати на текстура.
Подготовка:
- Пропржете кромид на малку маслиново масло, додадете измиени интегрален ориз и киноа.
- Прелијте со вода и додадете сос од домати, грашок и исечкани моркови.
- Варете додека не омекне, додадете босилек. По желба можете да додадете пармезан за дечиња 12+ месеци.
Палачинки од просо
Природна, безглутенска варијанта за палачинки, одлична за блага или солена верзија.
Подготовка:
- Натопете просо преку ноќ.
- Следниот ден фрлете ја водата и ставете го киснатото просо во блендер, додадете едно јајце, 2 лажици маслиново масло, 100 мл јогурт или растително млеко, малку прашок за пециво и блендирајте.
- Од смесата печете палачинки на загреана тава.
- Послужете со овошно пире, авокадо или крем сирење.

Тестенини со доматен сос
Идеален ручек за малите гурмани!
Тестенини со интересни форми – омилени кај дечињата
Брз, вкусен и здрав оброк за целото семејство!
Подготовка:
- Сварете ги тестенините по упатството на кесичката.
- Подготвените тестинини прелијте ги со малку маслиново масло, додадете доматен сос и поросете со малку босилек.
По желба, за дечиња 12+ можете да додадете и малку моцарела или пармезан.
Пита со просо
Солена пита која е идеална за ручек или пикник.
Подготовка:
- Сварете 150 грама просо.
- Во свареното просо додадете две матени јајца, 50 грама стопен путер, семки од сончоглед, 100 грама сечкана моцарела и зачини.
- Ставете во тава, поросете сосусам и печете 20 минути на 200°C.
Baby Cheesecake во чаша
Брз десерт без шеќер – идеален за родендени или специјален момент.
Подготовка:
- Измешајте мелени бебешки бисквити со кокосово масло и цимет.
- Изматете крем од кокос и две лажици кисело млеко/павлака.
- Над кремот додадете овошно пире или свежо пасирано овошје.
Сите овие рецепти се направени со љубов и внимателно избрани состојки, со цел да го поддржат здравиот раст и развој на вашето бебе
До производите за овие рецепти можете да пристапите директно преку дадените линкови, на нашиот веб сајт bellina.mk или пак на физичките локации на Bellina во Настел Тафталиџе и Капиштец.



































