Една година полна со предизвици, тешко да се помисли како еден консултант за лакатација се соочува со својата  работа во текот на пендемијата која го погоди светот. Како да им се помогне на родителите, мајките доилките кои станаа родители во текот на пандемијата?

IBCLC советниците мораа да нурнат подлабоко во својата креативност, да најдат начин како да се поврзат, да им помогнат на семејствата, како да ја надминат социјалната дистанца и да продолжат со својата работа во услови на карантин.

Оној кој ја работи оваа професија знаејќи ја големината  од помошта и поддршката која е неопходна за мајките, родилките, доилките се спротивставува на предизвикот , иновативно, упорно и грижливо како никогаш порано.

Оваа година 3-ти Март како ден на IBCLC советничките се прославува со посебен акцент, се оддава посебно признание за сите IBCLC советнички кои и покрај светскиот предизвик успееа да ги надминат пречките, да ја употребат креативноста и да најдат начин како да им помогнат на доилките, да го олеснат родителството и да ги поддржат во доењето.

IBCLC (International Board Certified Lactation Consultant) – овластен консултант за лактација е здравствен професионален едуциран работник специјалист во клинички менаџмент на доењето и е овластен со сертификат добиен од Меѓународниот Одбор на консултанти за лактација.

Да ги поддржиме насекаде низ светот 32.500 IBCLC советнички во 122 земји!!

Можеби ќе ви се допадне:   Нова изјава на Академијата на медицина за доење-Препорака за ексклузивно доење: проценка на недоволна исхрана со доење и избегнување на прекумерно дохранување