
Mисијата на “Академијата на медицина за доење (ABM)” се состои од лекари „што ги едуцираат и ги овластуваат здравствените работници да го поддржуваат и управуваат доењето, лактацијата и хранењето со мајчино млеко“ со визија дека ќе има „поздрав живот низ целиот свет преку извонредност во медицинската грижа за доење и лактација“. Како такви, изјавите на Акаедмијата за доење помагаат да се прошири филозофијата на организацијата во однос на клучните теми поврзани со доењето и лактацијата. Оваа изјава се заснова на најдобрите достапни докази и толкување од експертизата на членовите на Академијата на медицината за доење.
Исхраната со мајчино млеко претставува оптимална исхрана за доенчињата која има и бројни здравствени придобивки и за доенчињата и за доилкиата. Докажано е дека доењето значително го подобрува преживувањето на доенчињата низ целиот свет и во екстремни услови. Се препорачува ексклузивно доење во првите 6 месеци по раѓањето. Постојат одредени околности каде што или директното доење или мајчиното млеко не е доволно. Сепак, поголемиот дел од употребата на комерцијална млечна формула не е медицински неопходна, изложувајќи го доенчето на зголемен ризик од болест и прекумерно хранење. Дополнително, воведувањето суплементи често се коси со нормалната симбиотска врска потребна за регулирање на производството на млеко.
Наместо тоа, обезбедувањето пристап до професионална поддршка и управување со доењето, особено кога постои загриженост за помало производство на млеко и користењето на млекото од донор, како мост се опции за зачувување на исхраната исклучиво со мајчино млеко. Во оваа изјава, се дефинирани и недоволното хранење и прекумерното хранење. Најпрво треба да се разгледаат факторите на ризик за недоволно хранење. Прекумерното хранење и медицински непотребното дополнување со комерцијална формула се вообичаени одговори на нормалното однесување на родителите заради грижа од недоволно хранење на бебето и често укажуваат на потреба од дополнителна поддршка, проценка за доењето и развојот на лактацијата. Сите здравствени работници кои ги следат семејствата по раѓањето треба да имаат знаење и вештини за да се уверат дека недоволното хранење кај доенчето е идентификувано кога е присутно, главно избегнувано, и дека ексклузивното хранење со мајчино млеко е безбедно поддржано секогаш кога е медицински возможно, за да се обезбеди оптимално здравје на доенчето.
Улогата на суплементацијата со комерцијална формула
Повеќето здрави доенчиња, дури и во првите денови по раѓањето, се добро хранети со ексклузивно доење и не бараат суплементација. Сепак, постојат услови кои бараат суплементација поради неоптимално внесување или недоволно хранење. Важно е сите новороденчиња внимателно да се следат преку воспоставување на доење, особено во првите 2-4 недели. Ако се утврди недоволно хранење, прво треба да се направи евалуација за да се утврди производството на млеко, бидејќи понекогаш производството на млеко е соодветно, но млекото не се пренесува ефективно од бебето или не се издојува со пумпа. Доколку се препорачува суплементација, се препорачува следново по редослед на предност: издоено мајчино млеко, мајчино млеко од донор, комерцијална млечна формула. Обемот на суплементи треба да одговара на приближниот волумен што му треба на доенчето согласно возраста и треба да се внимава да се избегне прекумерно хранење. Прекумерното внесување на храна може да се избегне со одговор на знаците за хранење, употреба на техники за хранење кои нема да го попречат доењето и пресметување на проценетиот волумен потребен земајќи ги предвид денот на возраста, гестациската старост и начинот на породување. Во сите случаи на дополнување, производството и отстранувањето на млекото треба да се проценат, оптимизираат и да се поддржат со цел враќање на исхраната исклучиво на мајчино млеко.
Избегнување на недоволно доење
Академијата на медицина за доење ја признава ранливоста на ексклузивно доење во првите денови по раѓањето. Без практики за поддршка на раѓање, вклучително и спроведување на Десетте чекори до успешно доење, и внимателна проценка и поддршка на доенечкиот пар, доенчињата може да бидат изложени на ризик за неоптимален внес. За да се избегне неоптимално внесување или недоволно хранење, сите доенчиња треба да се следат за начинот на хранење, мокрење, број на столиците и промени во тежината. Покрај тоа, сите дијади мајка-доенче треба да им се помогне и да се поддржат да се започне и продолжи доењето, што вклучува проценка на поставувањето на бебето на града, како ја прифаќа дојката, положбата, држењето и удобноста при доењето. Раната употреба на пумпи за издојување може да предизвика загриженост на родителите околу тоа дали производството на млеко е доволно, дали мајката добро го поставува бебето на града. Загриженоста за губење на тежината кај новороденчето треба да се идентификува рано и треба да се решат проблемите со доењето додека се земе предвид потребата за суплементација. Понатаму, Академијата на медицина за доење препорачува внимателно следење на мајките кои дојат со ризик фактори за ниско производство на млеко и на доенчињата кои се најранливи на неоптимален внес или тешкотии во растот. Условите кои можат да допринесат за мало производство на млеко и/или неоптимален внес и подоцнежен развој на лактација може да вклучуваат:
–фактори на ризик од страна на мајката: претходна операција на дојка, неплодност, метаболичко заболување (резистенција на инсулин, PCOS, хипотироидизам, дијабетес, хипертензија), напредната старост на мајката.
-ризик факторите од страна на доенчето: доцно предвремено или предвремено породување, анкилоглосија (подврзано јазиче) и други орални рестрикции. Треба да се направи и евалуација на болката во брадавиците ( околку се регистрира од страна на мајката), слабиот трансфер на млеко истовремено со прирастот во тежина на доенчињата. Постојат повеќе потенцијални причини за неоптимален внес и слаб раст кај новороденчињата кои се исклучиво доени.
Затоа, здравствените работници кои се грижат за мајки или доилки и доенчиња по раѓањето треба да бидат вешти во проценката, преку директно набљудување и управување со доењето и/или да имаат способност да се обратат до професионален експерт за поддршка за доење, како што е лекар или консултант за лактација овластен од меѓународниот одбор IBCLC (INTERNATIONAL BOARD OF CERTIFIED LACTATION COSULTANTS). Мора да се идентификуваат и да се решат предупредувачките знаци за субоптимално внесување во првите денови по раѓањето и на секои 24-48 часа додека доењето не е добро воспоставено.
Избегнување на прекумерно хранење
За разлика од недоволното хранење, почеста појава е непотребното дополнување кое води до прекумерно хранење. Дохраната со комерцијална формула често е причина за потешкотии во развој на лактацијата, како што е лошо поставување на бебето на градата кое резултира со болка или слаб трансфер на млеко што може да се реши со поддршка при доењето од стручно лице соодветно еудцирано. Кога практиките за породување се поддржувачки и кога се спроведува оптимална поддршка на доењето, обично нема потреба од дополнување. На секое хранење на доенчето му се дава градата што го максимизира внесот и дава сигнал за зголемување на продукцијата на млеко за да се задоволи побарувачката на доенчето. Употребата на суплементи кај добро нахрането новороденчекое е на ексклузивно доење го нарушува физиолошки систем на понуда и побарувачка. Многу доенчиња се прехрануваат со дополнување со комерцијална млечна формула. Непотребното дополнување го попречува производството на млеко и нормалниот начин на хранење, а со тоа носи голем ризик од предвремено одвикнување од доењето без притоа да се дојде до развој на лактацијата. Добро е утврдено дека хранењето со комерцијална млечна формула без медицинска индикација е најчеста причина поради која родителите не ги исполнуваат сопствените цели и желба за доење.
Улогата на болничката пракса и маркетингот на формула за комерцијално млеко
Академијата на медицина за доење се залага за практики на раѓање и мајчинство кои го поддржуваат ексклузивно доење и ги поддржува препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Исто така, од суштинско значење е сите нови семејства да имаат пристап до професионална поддршка и грижа за доење и развој на лактација. Понатаму, Академијата на медицина за доење ги охрабрува земјите, здравствените институции и останатите медицински установи да го имплементираат Кодексот на СЗО за маркетинг на замени за мајчиното млеко. Имплементацијата на Кодексот ги ослободува пациентите и нивните здравствени работници од сеприсутните и грабливи маркетинг практики што ја поткопуваат способноста за доење и создава поддршка на ниво на систем со кои се избегнува непотребното дополнување.
Целиот текст може да го прочитате на : https://acrobat.adobe.com/id/urn:aaid:sc:EU:875414d9-7fb4-4324-99d6-b55f72d5f8e6
Recommendation for Exclusive Breastfeeding: Avoidance of Underfeeding and Overfeeding (October 2024) Lori Feldman-Winter, Julie Ware, Paula Schreck, Ann Kellams, Casey Rosen-Carole, and Elien Rouw