Зелени пелени. Еколошки пелени. Оддржливи пелени. Има доста имиња. Како мајка или татко, како да се движите низ џунглата на брендови за пелени за кои сите тврдат дека се оддржливи и еколошки? Без разлика дали ги разгледувате полиците во супермаркетот или барате пелени за бебиња на интернет, ќе наидете на стотици различни брендови на пелени. Но, како да изберете помеѓу нив?

Како и самите родители, така и Абена знае дека освен што се грижиме за заштитата на нашето малечко и природата, бараме и пелените да ја вршат работата за која се наменети – нашите најмили да бидат постојано суви и да им биде удобно во нив. Еколошкиот стил, удобноста и високите перформанси одат рака под рака. Пелените Bambo Nature ги опфаќаат сите возрасни групи како и другите конвенционални пелени но Абена ја препознава и потребата за создавање на нова 0 или XXS величина за оние бебиња кои се прави борци – недоносените бебиња кои бараат посебна нега за нив. Конвенционалните величини на пелени не ги задоволуваат нивните потреби бидејќи се преголеми па затоа во производна програма  на Абена покрај конвенционалните величини се додадени и Bambo Nature 0 или XXS величина за бебиња со тежина од 1 до 3 кг. Не се заборавени ни децата кои имаат продолжена потреба од пелени и имаат проблем со ноќно мокрење. За нив е додадена  програмата Bambo Dreamy, пелени гаќички за деца на возраст од 4 до 15 години. Пелените за еднократна употреба Bambo Nature се удобни и впиваат. Тие се пријателски настроени кон кожата на бебето и околината, а доказ за тоа е фактот што не содржат штетни хемикалии, лосиони, парфеми, парабени и конзерванси.

Можеби ќе ви се допадне:   Доење на дете после првата година - митови за „продолженото“ доење

Совршено  прилегаат на телото и имаат супер апсорптивно јадро со ултра-апсорбентни канали кои обезбедуваат сува кожа. Ова помага да се спречи осипот од пелена и да се зголеми удобноста. За таа цел, пелената има и мек и удобен заден дел.

Индикаторот за влажност ја менува бојата кога пелената е влажна и треба да се замени.

Еластичниот појас и отворите за нозете, кои не содржат латекс, обезбедуваат пелената да остане на своето место и да не го попречува движењето на детето. На овој начин, вашето дете ќе може да клоца, да ползи, да се движи и да истражува цел ден без никакви проблеми.

Пелената има заштита од истекување и дише што значи дека исто така дише и кожата на детското  газе.

Кога станува збор за вашето дете, само најдоброто е доволно добро. Сите Bambo Nature пелени и пелени – гаќички ги имаат следните карактеристики:

  • Исклучително меки
  • Прилагодливи ленти за подобро прилагодување кон телото
  • Пропушта воздух за да дише и газето на бебето
  • Индикатор за влажност
  • Ултра-апсорбтивни канали за подобра апсорпција
  • Мек заден дел за поголема удобност и подобро прилагодување кон телото
  • Дизајниран да го намали ризикот од осип на пелена
  • 0% парабени, парфеми, лосиони и конзерванси
  • Сертифицирана гаранција за еколошки пелени
  • Дерматолошки тестиран
  • Секако пријателски настроен кон кожата и околината
  • Потврдено од страна на мајките (Approved By Moms)
  • Скандинавски квалитет

Нема два исти бренда на пелени. Секој нагласува нешто друго, истакнува различни карактеристики на производот и се разликува по тоа кој е повеќе „зелен“.Најдобар и најлесен начин да откриете дали брендот на пелени е одржлив е да ги проверите сертификатите. Сертификатите добиени од официјалните организации кои ги издаваат се цврст доказ и гаранција за безбедни и еколошки производи за деца. Пелените Bambo Nature  имаат добиено сертификати од многу официјални организации  кои ги издаваат и се цврст доказ и гаранција за безбедни и еколошки производи за деца.

Можеби ќе ви се допадне:   "Кога бројките не се важни"- од серијата успешни доенечки приказни

Кога зборуваме за еколошки пелени неопходно е да се сфати дека одржливоста е многу повеќе од само начинот на кој се користат материјалите. Станува збор за целосниот животен циклус на бебешка пелена – од суровини и состојки до пакување, производствени процеси, дистрибуција, употреба и отстранување. Пелените Bambo Nature го одразуваат нашиот нордиски начин на живот, во кој функционалноста и дизајнот се комбинирани со природна почит еден кон друг и кон околината.  Изработени од внимателно одбрани суровини како што е „пуфкастата“ целулоза: целулозните влакна во абсорбирачкото јадро се нарекуваат „пуфкаста“ целулоза. Ова е природен и впивлив  материјал од одржливи и добро управувани шуми кои се гордеат со FSC® (Forest Stewardship Council) сертификат, каде што се сечат само онолку дрвја колку што шумата може да замени. За безбедност на вашето малечко, нашата „пуфкаста“ целулоза е целосно без хлор (TCF).

Втор важен елемент од секоја пелена е SAP: кратенка за Super Absorbent Polymer. SAP е клучна компонента на абсорбирачкото јадро и она што го одржува вашето бебе суво и удобно. Супер апсорбирачкиот полимер што го користиме има еколошка ознака „Nordic Swan Ecolabel“ и е сосема безбеден за кожата на вашето малечко.

Пелените Bambo Nature се многу тенки и лесни за да бидат што поудобни за бебето. На овој начин детето може послободно да се движи, а ние да ставиме повеќе пелени во пакувањето и да транспортираме помалку картон. И можете да донесете дома помалку кеси за пелени од продавницата. Здравите малечки се среќни малечки и ние секогаш го имаме на ум здравјето на вашето малечко. Затоа, не користиме супстанции за кои е познато дека му штетат на здравјето или на животната средина, како што се органотински соединенија, фталати или поливинил хлорид. Исто така, не додаваме супстанции за кои се знае дека се алергени или надразнувачи на кожата. Пелените Bambo Nature се опремени со индикатор за влага, кој ќе ви помогне брзо и лесно да дознаете кога е време да ја смените пелената. Менувањето на пелени во редовни интервали го намалува ризикот од осип, ги заштедува непотребните патувања до масата за пресоблекување и создава помалку отпад. Тоа е најдоброто за сите!

Можеби ќе ви се допадне:   Нова изјава на Академијата на медицина за доење-Препорака за ексклузивно доење: проценка на недоволна исхрана со доење и избегнување на прекумерно дохранување  

Пелените Bambo Nature можете да ги најдете во сите продажни локации на Bellina, како и на нивниот веб сајт www.bellina.mk. Дел од пелените се достапни и во сите дрогерии на ДМ.