
Низ многуте статии што можете да ги прочитате на темата доење достапни насекаде често се сретнувате со препорака “консултирајте консултант за доење”. Нашето поднебје сеуште не е доволно информирано што всушност претставува консултант за доење, какви познавања има на полето на доењето, каков вид на едукација поседува и на кој начин може да им помогне на мајките? Постои конфузија околку различните нивоа на едукација на поддршката за доење.
Секогаш е важно да бидеме информирани каде треба да се обратиме доколку имаме потреба од совет, мислење, едукација,поддршка и сл.
“IBCLCs” (International Board Certified Lactation Consultant), Меѓународен сертифициран консултант за доење претставува највисок степен на специјализирана едукација поврзана со доењето.
“IBCLCs”- консултантите за доење се сертифицирани лица од IBLCE (International Board Certified Lactation Examiners), кој е под раководство на Националната комисија на САД за агенции за сертифицирање. “IBCLCs” се вклучени во широк спектар од дејностите кои се дел од здравствената заштита вклучувајќи родилишта, детски клиники, одделите за интензивна нега на новороденчиња, ординациите по педијатрија од примарната здравствена заштита или приватна пракса. IBLCE е формиран во 1985 година, ширум светот брои 33 492 сертифицирани меѓународни консултанти за доење чија цел е да обезбедат услуги кои го промовираат, заштитуваат и поддршуваат доењето.
Ти можат да ви бидат помош и поддршkа од едноставни проблеми со доењето до поспецифични проблеми како што се подврзан јазик, подврзана горна усна, доколку вашето бебе поспоро напредува, доколку вашето бебе не сака да цица, предолга употреба на силиконски брдаваици и сл. Консултантите низ светот имаат обврска да бидат вклучени во националните програми за поддршка на доењето. Учествуваат и организираат секаков вид на актвиности за едукација на жените пред породувањето и обезбедуваат помош и поддршка после породувањето, со цел да помогнат на сите оние мајки кои наидуваат на проблеми со доењето. Нивната работа постепено помага во подигнување на свеста и стапката за доењето.
IBCLC во светот се познати како единствените кои поседуваат сетификат за стандардизирана специјализирана едукација за доење и лактација. Нивните познавања кои мора да се надградуваат и ресертифицираат се засноваат на медицината базирана на докази на полето на доењето и лактацијата. Нивните знаења се проверуваат секои пет години со што се стекнуваат со обновување на сертификатот врз основа на сертификатите добиени од континуирана едукација. Секоја десетта година мораат повторно да го полагаат испитот.
Тие се искусни во широк спектар на познавања, помагаат на мајките за воспоставување на доењето и лактацијата, одржување на доењето во нормални услови и во случај на елемнтарни непогоди. Постапуваат етички во нивната практика, почитувајќи ги стандардите за пракса, етичкиот кодeкс и работат во рамките на дефиниран опсег на пракса.
Секој проблем кој го има мајка доилка бара индивидуален пристап, бидејќи секој доенечки пар е индивидуален.
Мисијата на “IBLCE” е да служи на глобално ниво преку унапредување на професионалната практика во консултации за лактација и поддршка преку акредитирање.
“IBLCE” – Интернационалниот борд за акредитирање на консултанти за лактација е најдоверливиот извор кој е препознаен ширум светот.
За сите поконкретни информации можете да се информирате на официјалниот сајт на www.iblce.org каде постои и регистар на сите консултанти за доење кои го поседуваат овој сертификат. На ова листа и нашата земја е вклучена со еден сертифициран консултант за доење.