Често поставувано прашање од мајките кои имат повеќе мајчино млеко или од одредени причини се измолзуваат и го складираат (предвремено родени деца). Но, од експертите не е потврдена информацијата дека е безбедно да се измолзува и складира мајчино млеко од различни денови.

Она што ни е доволно познато и се базира на докази е дека доколку мајката во текот на денот се измолзува повеќе пати (во помали количини), подобро е да се измолзува во посебни садови се до посакуваната количина. Доколку се измолзите сабајле и тоа млеко го скалдирате во фрижидер, при наредното измолзување потребно да се измолзите во друг сад. Сите измолзени млека можете да ги соберете во еден сад откако ќе ја постигнат истата температура. Не е препорачливо да го мешате измолзеното млеко кое веќе неколку часа е складирано во фрижидер, со измолзено млеко кое сеуште ја има телесната температура на мајката. Според ова не е добро ни складирано одмрзанто млеко да го мешате со тукушто одмолзено млеко. Доколку во текот на денот измолзувате повеќе пати и потоа го мешате во еден сад за да го нахраните вашето бебе, времето на складирање треба да биде од првото измолзено млекот во текот на тој ден (ако се измолзите во 08 часот  наутро, потоа во 12 часот на пладне и во 15 часот повторно, па ги соберете во еден сад тогаш времето на складирање ќе биде од првото измолзено млеко – 8 часот наутро).

Иако на некои интернет страници може да прочитате дека може да се меша и измолзено мајчино млеко од различни денови сепак да се придржуваме до насоките кое се дадени во протоколите од страна на Американската академија за доење.

Можеби ќе ви се допадне:   “КОВИД-19”- Вакцинација кај доилки

ЗОШТО СЕ СРЕТНУВАМЕ СО РАЗЛИЧНИ НАСОКИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА МАЈЧИНО МЛЕКО?

Зошто се сретнуваме со различни насоки? Зошто експертите неможат да се согласат кои насоки се правилни? Како да бидеме сигурни и кои насоки треба да ги употребуваме?

Добрата вест е што постои логично размислување за ова. Чим ќе го дознаете ќе бидете сигурни и смирено ќе го складирате мајчиното млеко.

Зошто во одредени протоколи за складирање пишува “ВО РЕД” а во некои “ИДЕАЛНО”? Без разлика по која насока ќе го складирате, мајчиното млеко ќе биде во ред за исхрана но, одредени витамини, антиоксиданси и други фактори ќе бидат изгубени. Некои здравствени институтции како што е Американската академија за доење ПРЕПОРАЧУВА скратено “ИДЕАЛНО”  време на складирање за да се спречи загубата на одредени фактори во составот на мајчиното млеко.

Најдобро е да се упортребува поскоро од времето на складирањето. Но, складирано мајчино млеко и после 8 дена на полица во обичен фрижидер ке биде во ред за употррба и многу подобро отколку адаптирано млеко.

Собна температура?

Одредени насоки за складирање на мајчино млеко варираат во зависнот од собната температура. Зависи дали живеете во предели со тропска или субтропска клима според тоа сигурно и собната температура е повисока за разлика од местата со умерена клима. Погледенете ја разликата.

СОБНА ТЕМПЕРАТУРА

19-22 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ

23-25 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ

ВРЕМЕТРАЊЕ

6-10 часа

4 часа

 

Сите совети за складирање на измлозено мајчино млеко се за здраво, термински родено бебе. Доколку имате предвремнородено бебе, или вашето бебе е во болничка установа насоките за измолзување и складирање се поралзични и времето на складирање е скратено.

Можеби ќе ви се допадне:   Недостаток на витамин Б12 кај доенчиња