Придобивките од доењето за мајките на повеќе бебиња се исти како и кај сите мајки и бебиња – можеби поголеми, бидејќи близнаците често  се раѓаат порано. Идејата за доење на повеќе од едно бебе на прв поглед може да изгледа застрашувачка! Но, на многу мајки на близнаци доењето им е полесно, отколку другите методи за хранење, бидејќи немаат потреба од подготовки. Многу мајки успешно доеле повеќе од едно бебе дури и откако се вратиле на работа.

Бидете подготвени

Тоа ќе ви помогне да дознаете повеќе за доење за време на бременоста. Пред да се родат бебињата, можете да:

  • Посетете едукации за доење;
  • Најдете интернет или други извори каде што ќе се запознаете со искуствата на  родители на повеќе бебиња;
  • Се придружите на група за поддршка за родители на повеќе бебиња
  • Кажете им на членовите во семејството дека сакате да доите.Нивната помош ќе биде потребна.
  • Најдете консултант за лактација кој има искуство со повеќе бебиња пред да се родат, вашите бебиња, за да знаете кој може да ви помогне;

Многу близнаци и родени повеќе бебиња ( три или четири) се помали или родени предвреме. Грижата за нив започнува уште во породилиште.

Произведете доволно млеко

Повеќето мајки можат да произведат голема количина на млеко за близнаци. Многу мајки ексклузивно дојат или го измолзуваат своето млеко за тројки или четворки. Запомтете ги овие совети:

Доењето веднаш и почесто по раѓањето е корисно за повеќе бебиња на ист начин како и за едно бебе. Колку повеќе млеко се отстранува од градите, толку повеќе млеко телото ќе го произведе.

Можеби ќе ви се допадне:   РТГ, магнетна резонанца, компјутерска томографија кај доилка. Да или не?

Ако вашите бебиња се предвреме родени, двојното измолзување (измолзување на двете гради во исто време) може да ви помогне да произведете повеќе млеко.

Проверките на тежината од страна на лекарот можат да ви воочат дали вашите бебиња добиваат доволно мајчино млеко. Воочете други знаци дека вашите бебиња добиваат доволно млеко( изгледот на столицата,бројот на мокри пелени).

Ќе си помогнете ако секое бебе се храни од двете гради. Можете да ги “доделите” градите на секое бебе и на следното хранење да ги смените страните. Или можете да ги доделите градите на секое бебе на еден ден и следниот ден да ги промените страните. Промената на страните помагаат да се задржи производството на млеко ако едно бебе не јаде, колку и другото бебе. Исто така, бебињата ќе имаат различен видик за стимулација. Изберете позиција за доење која вам ќе ви биде соодветна за двете бебиња истовремено.