
Кај сите бебиња овие периоди се јавуваат на иста возраст. Во првите 20 месеци од животот на бебето има десет периоди на скок во развој кои се следени со плачливост која настапува одеднаш. Овие периоди се појавуваат околу 5, 8, 12, 15, 23, 34, 42, 51, 60 и 71-ва недела. Периодот може да биде одложен за една до две недели, но секако ќе се соочите со истиот.
Првите периоди не траат долго. Тие траaт неколку дена, но родителите ги доживуваат дека траат долго бидејќи плачливоста и вознемиреноста ги исцрпуваат. И периодите од едниот до другиот скок во развој се исто така кратки, неколку дена. Подоцна кога промените во развојот стануваат покомплексни, потребно е подолго време за бебето да ги прифати и овие фази траат подолго време од 1-6 недели. Секое бебе реагира на различен начин. Кај некои бебиња овие промени се вознемирувачки во поголема мера, но секое бебе реагира со различен степен на вознемиреност кога ваквите промени се појавуваат во нивниот живот. Обично мирните и тивки бебиња реагираат со поголема вознемиреност на овие промени отколку по-хиперактивните бебиња. Но, се јавува и поголема вознемиреност и кај некои по-хиперактивни бебиња. Најчесто мајките на ваквите бебиња имаат тешка задача за да се справат со нив во овој период бидејќи бараат поголемо внимание, се забележува поголема поврзаност и потреба од мајката се додека не се навикнат на промената.































