Здравите навики во исхраната на вашето дете кои ќе ги воспоставите кога ќе ја воведете црврстата храна ќе помогнат во продолжување на здрави навики во иднина. Важно е да се обезбеди храна која одговара на вештините за јадење на вашето дете. Најпрво, храната можеби ќе треба да биде мека и кашеста или со големина на залак.

Поттикнете го вашето дете да јаде

Понудете му на вашето дете различни овошја, зеленчук, месо и јогурт или сирење. Направете виножито од различни бои во чинијата на вашето дете. Еве неколку примери:

Овошје: банани, јаболки, круши, сливи, дињи или авокадо.

Зеленчук: варен спанаќ, моркови, грашок, слатки компири или цвекло.

Месо: меки, мали парчиња говедско, јагнешко, пилешко, риба или мисиркино.

Млечни производи: пастеризирани јогурти или сирења.

Кога вашето дете ќе биде на возраст од 12 месеци, тоа може да јаде повеќе од храната која ја јадете вие. Јадењето здрава исхрана претставува добар пример за вашето дете. Продолжете да му нудите различни здрави опции и дозволете му на вашето дете да избере храна која сака да ја јаде.

Кога се воведува храна консултирајте се со педијатар. Педијатрите секогаш даваат насоки како да почнете со воведување на вкусови и со кои видови на храна според возраста на детето треба да започнете.

Користете видови на храна,овошје и зеленчук кои ги има на нашето поднебје.

Поттикнете го вашето дете да пие

Кога вашето дете ќе биде на возраст од 6 до 12 месеци, можете да го понудите вашето дете со:

  • Вода (100-180мл дневно).
  • Мајчиното млеко (доколку се уште цица)
  • Кога вашето дете ќе биде на возраст од 12 месеци, доколку бебето не цица разговарајте со педијатарот на вашето дете за изборот на млеко кое треба да го конзумира
Можеби ќе ви се допадне:   Зелена столица: Кога треба да бидете загрижени?