
Вашите гради го произведуваат млекото како одговор на цицањето на вашето бебе. Колку повеќе вашето бебе цица, толку повеќе млеко ќе лачат вашите гради. Знаејќи како вашите гради го лачат млекото може да ви помогне да го разберете процесот на доење.
Како се произведува мајчиното млеко?
Градите често стануваат пополни и почуствителни за време на бременоста. Ова е знак дека алвеолите, клетките што го произведуваат мајчиното млеко, се подготвуваат за работа. Некои жени не ги чувствуваат овие промени во своите гради. Други жени можат да ги почувствуваат овие промени откако ќе се роди нивното бебе.
Алвеолите го произведуваат млекото како одговор на хормонот пролактин. Пролактинските нивоа се зголемуваат кога бебето цица. Нивото на другиот хормон, окситоцин, исто така, се зголемува кога бебето цица. Ова предизвикува малите мускули во градите да се придвижат и да го пренесат млекото преку млечните канали. Ова пренесување на млекото се нарекува “рефлекс на исфрлање на млеко”. Дознајте повеќе за рефлексот на исфрлање на млеко(milk ejection reflex) во некои од нашите поглавја.
Ослободувањето на пролактин и окситоцин може да направи да имате силна потреба да бидете со вашето бебе.
Како да знам дали ќе се произведе доволно мајчино млеко?
Многу мајки се загрижени дали ќе се создаде доволно мајчино млеко за да ги нахранат своите бебиња. Некои жени се загрижени дека големината на градите ќе им отежне да ги нахранат нивните бебиња. Но, жените со сите големини на гради можат да создадат многу млеко за своето бебе. Колку почесто вашето бебе го доите, толку повеќе млеко ќе ги создадат вашите гради.
Тежината на вашето бебе треба да се удвои во првите неколку месеци. Бидејќи стомачињата на бебињата се мали, им требаат повеќе доења во текот на денот за да растат и да бидат здрави. Дали вашето бебе добива доволно млеко можете да воочите од бројот на влажни пелени што ги има во еден ден и доколку бебто добива тежина.
Ако мислите дека немате или ќе имате ниско снабдување со млеко, консултирајте се со советник за доење. Посетете го делот за поддршка и информации за други здравствени работници кои можат да ви помогнат.






























