
Доколку бебето воопшто не цица:
- Првите неколку дена, пред да дојде мајчиното млеко, рачното одмолзување често е најефективен начин да се одмолзи колострумот. За дополнителна стимулација, одмолзувајте двојно, од 10-15 минути по сесија.
- Одмолзувајте 30 минути по сесија или одмолзувајте од 2-5 минути до последните капки млеко.
- Во случај кога бебето цица, но не ги испразнува градите доволно
- Двојно измолзување од 10-15 минути по доењето.
Целосно испразнете ги градите на секоја сесија. За да се осигурате дека отстранувате оптимална количина млеко од градите, одмолзувајте од 2-5 минути до последните капки млеко. Пред одмолзување користете масажа на градите, и масажа и компресии за време на одмолзување, за подобро да ги испразните градите и да го зголемите снабдувањето со мајчино млеко.
Дополнителни совети
Одмарајте и релаксирајте се колку што е можно повеќе.
Контактот кожа на кожа (Skin to skin) може да направи значајна разлика во одмолзувањето.
Една студија покажа дека мајките на хоспитализирани бебиња кои слушале смирувачка музика додека се одмолзувале имале зголемено снабдување со мајчино млеко. Кога една мајка слуша снимка која вклучува и музика додека се одмолзува, покрај гледањето фотографии од нејзиното бебе, одмолзувањето на мајчино млеко е поголемо. Во оваа студија, интервенциите ја стимулираа мајката да произведува 2-3 пати повеќе од нормалното одмолзување. Кај овие мајки, исто така, и содржината на мастите во млекото, се зголемува во првите денови на студијата. Ефектот на слушање на музички интервенции влијае на обемот, содржината на маснотии и калоричната содржина на мајчиното млеко, произведени од мајки на предвремено и критично болни доенчиња.
Ако двојното одмолзување е тешко да се координира на почетокот, тогаш одмолзувајте по еднаш, на наизменични страни. Префрлете се на двојно одмолзување веднаш штом ќе можете.
Избегнувајте лекови кои можат да го намалат снабдувањето со млеко (хормонална контрацепција, псеудоефедрин, етанол / алкохолни пијалоци, бромокриптин, ерготамин)
Доколку снабдувањето не се зголемува како што се очекувало од 7 до 10 дена по раѓањето, разгледајте ја употребата на галактогоги. За употребата на галактогоги консултирајте консултант за лактација кој ќе ви посочи кои галактогоги може да ги најдете во вашата држава.
Забелешка: Предвремено родените бебиња секако не се единствените доенчиња кои имаат проблеми со доењето, но голем дел од пишувањата и истражувањата во оваа област ги вклучуваат предвремено родените бебиња и нивните мајки. Разговарајте со вашиот консултант за лактација за прилагодување на овие упатства за постарите бебиња.