Постојат многу знаци по кои можете да воочите дали вашето бебе добива доволно млеко:

  • Урината на вашето бебе е јасна или бледо жолта (видете ја табелата подолу). Урината не е длабоко жолта или портокалова.
  • Вашето бебе има доволно движења на дебелото црево (видете ја табелата подолу).
  • Вашето бебе се превртува помеѓу кратките периоди на спиење.
  • Вашето бебе е задоволно по доењето.
  • Ги чуствувате вашите гради помеки по хранењето.

Колкава количина на мајчино млеко примаат бебињата при доењето?

Желудникот на новороденчето е многу мал, особено во раните денови. Откако ќе се воспостави доењето, интензивно доените бебиња кои се стари од 1 до 6 месеци примаат помеѓу 560 -890 мл. мајчино млеко секој ден.

Ако го доите вашето бебе осум пати на ден, вашето бебе ќе прими околу 90 мл. млеко. Но, секое дете е различно.

Желудникот на новороденчињата

При раѓањето, желудникот на бебето удобно може да свари она што ќе се вклопи во големина на лешник (околу 1 до 2 лажички). За околу 10 дена, желудникот на бебето расте за да може да собере околу 50-60 мл.

Типичен број на влажни пелени и движења на дебелото црево во првата недела на бебето (добро е ако вашето бебе има повеќе)

Возраст на бебето Број на влажни пелени Број на движења на дебелото црево Текстура и боја на изметот
Ден 1 (првите 24 часа по раѓањето) 1-2 Првото движење на дебелото црево обично се случува во рок од 8 часа по раѓањето Густа, киселкаста,црна  боја
Ден 2 2 3 Густа, киселкаста,црна  боја
Ден 3 5-6 за еднократна употреба,

6-8 ткаенина

3 Ретка со зелена до жолта (бојата може да варира) боја
Ден 4 6 3 Мека, водена со жолта боја
Ден 5 6 3 Ретка, семеста со жолта боја
Ден 6 6 3 Ретка, семеста со жолта боја
Ден 7 6 3 Поголема количина со ретка, семеста и жолта боја

 

Ако користите пелена за еднократна употреба, потешко ќе можете да утврдите дали пелената е влажна поради апсорпцијата. Користете ја оваа шема како водич, но консултирајте се со вашиот лекар ако мислите дека вашето бебе не прима доволно млеко.

Колку долго треба да го дојам моето бебе?

Американската академија за педијатрија (AAP) го препорачува доењето како единствен извор на храна за првите 6 месеци од животот на вашето бебе. ААП, исто така, препорачува продолжување на доењето (по започнување со цврста храна) после првиот роденден на вашето бебе и се додека, вие и вашето бебе би сакале. Најлесно и најприродно време за одвикнување е кога вашето дете го води процесот. Но, и како се чувствувате е исто така многу важно во одлучувањето кога да го одбиете.

Вашата одлука може да зависи од неколку фактори, како што се враќањето на работа, вашето и здравјето на вашето бебе или чувството дека е вистинско време.

Можеби ќе ви се допадне:   Затнати канали и маститис