
Можеби сте слушнале дека пиењето кафе во текот на бременоста треба да се намали. Можеби вашиот лекар ви кажал дека вишокот кофеин може да доведе до ниска родилна тежина или да ги зголеми шансите за спонтан абортус. Значи совесно, сте се воздржале од вашето утринско кафе за време на бременоста. Тоа беше тешко, знам! Сега мора да чекате 9 месеци, а вашето бебе е конечно тука, и веќе многу малку спиете поради тоа што новороденчето го бара вашето внимание во текот на целиот ден. А убаво, топло кафе (или 3 чаши …) звучи како спасител! Сепак, сеуште имате еден можен проблем ….
Доколку доите, добро знаете дека сè што јадете и пиете, сеуште оди во вашето мајчино млеко и во вашето бебе. Дали е во ред да пиете кафе додека доите? Што може да се случи доколку не се откажете и пиете една шолја или две за да ви помогне во текот на денот? И колку кафиња можете да конзумирате, додека доите? Па, ние сме тука за да ви помогнеме да најдете одговори на сите овие прашања!
Колку кафе можете да конзумирате додека доите?
Да почнеме, целокупниот консензус меѓу експертите е дека, да, во ред е да пиете кафе додека доите! Ураа !! Направете си шолја кафе и да продолжете да читате! Голем број на истражувања и студии кои се спроведени покажале дека помалку од 1% од кофеинот што го внесувате ќе заврши во вашето мајчино млеко. Кога сте биле бремени, кофеинот поминувал низ плацентата и директно на вашето бебе, поради што кафето за време на бременоста наидува на тенденција за неодобрување. Сепак, таа мала количина на кофеин која се пренесува во вашето мајчино млеко е речиси безначајна кога станува збор за природно здрав состав на мајчино млеко. Затоа, без грижа! Доењето плус кафе значи дека сте одлична мајка!
Иако истражувањето покажало дека совршено е безбедно да пиете кафе додека доите, се уште се препорачува да го ограничите кофеинот на околу 300 милиграми (mg) на ден (извини мамо, не можете да пиете цело тенџере кафе како што можеби сакате). Овој предлог важи за сите кофеини; кафе, газирани пијалоци и сите други пијалоци со кофеини кои би можеле да ги консумирате и истите треба да останат под 300 милиграми дневно.
За да ви дадеме општа претстава за тоа колку кофеин содржат кафето и други пијалоци, во просек кафе од 200 мл има околу 95-200 мг кофеин (во зависност од тоа каде ќе го пиете кафето. “Старбакс”кафето од 450 мл има 300 мг , Лименка “Кока кола“ содржи 35 мг, некои енергетски пијалоци содржат до 150мг кофеин.
Главната идеја е да се биде свесен за тоа колку кофеин пиете и, како што можете да видите, кафето има највисоко ниво на кофеин. Значи, во ред е да пиете кафе, но не претерувајте – знаеме дека сте лишени од сон и тоа ќе ве натера да сакате да испиете галон кафе, и да се релаксирате и да уживате во вкусна шолја или две! Освен тоа, доколку се воздржите од кафе за време на бременоста, една или две чаши ќе имаат поголем ефект врз вас сега!
Зошто кофеинот е штетен за бебињата?
Можеби се прашувате зошто кофеинот можеби е лош за бебето – зошто кофеинот е штетен за бебето? Па, телото на новороденото бебе не може да го разгради кофеинот и истиот може да се наталожи во неговиот организам. Ова може да го направи вашето бебе раздразливо, вознемирено и може да го спречи спиењето. Замислете доколку вашето тело не може да го разгради кафето и секоја чаша што сте ја испиле да се таложи во вашиот организам со денови – вие би биле полни со енергија и би трчале наоколу како луди, но исто така нема да се чувствувате добро.
На возраст од три месеци, системот за варење на бебињата ќе биде доволно зрел за да почне да го разградува кофеинот. Додека кофеинот ќе има поголем ефект врз системот на бебиња отколку што може да го има кај возрасно лице (не предлагаме вашето бебе да пие кафе на 3 месеци!), Нема да се натрупа во нивниот систем толку брзо како што беше случај на помала возраст. Во овој момент, можеби ќе можете да размислите за втора или дури и трета шолја кафе за време на појадокот! Сепак, преработката на кофеин е сеуште нова за телото на вашето бебе, па умереноста сè уште е клучна – дозволете вашето бебе да се навикне на кафето, пред да додадете четврта чаша наутро!
Споментавме дека помалку од 1% од кофеинот кој го пиете ќе го пренесете во вашето мајчино млеко, па зошто некои мајки забележале промени во однесувањето на своето бебе откако пиеле кафе? Па, тоа се навраќа на фактот дека дури и мала количина на кофеин ќе остане во бебешкиот систем многу подолго отколку што можете да замислите. Кај бебињата на возраст под три месеци, нивните мали тела кофеинот ќе го разградуваат 97,5 часа – тоа е повеќе од 4 дена! Значи, доколку го доите вашето бебе и пиете четири чаши кафе дневно, тој сигурно ќе се наталожи во малото тело на вашето бебе.
Доколку забележите дека вашето бебе е плачливо, не може да спие или да се однесува поинаку кога ќе пиете кафе, обидете се да го исфрлите кафето од вашата исхрана (знам, тешко е!) за две недели и видете дали забележувате какви било промени. Ова ќе му даде на вашето бебе време за процесирање на кој било кофеин кој може да се разгради во нивниот систем и можете да го процените нивното однесување пред и по кафето. Доколку вашето бебе спие подобро откако ќе го исфрлите кафето од вашата исхрана, можеби треба да почекате неколку месеци пред повторно да се напиете кафе. Не сите бебиња се ранливи на кофеин засекогаш, па нека нивното мало тело созрее, а потоа обидете се повторно!
Некои бебиња се екстра чувствителни на кофеинот. Додека лекарите препорачуваат да не пијете кафе додека се бремени, некои велат дека шолја или две е во ред. Мама која пие кафе додека е трудна, тогаш може да има бебе кое е навикнато на кофеинот и нема проблем кога мајката пие кафе и дои! Доколку целосно го исфрлите кафето додека сте трудни, телото на вашето бебе може да биде шокирано од кофеинот и може да има поголемо влијание врз неговиот систем. Замислете ако никогаш не сте пиеле кафе во вашиот живот, а потоа пиете голема чаша секој ден 4 дена по ред – дефинитивно ќе се чувствувате поинаку! Токму така ќе влијае и на вашето бебе.































