
Некои жени имаат вовлечени брадавици, или се рамни и при дразба не се испакнуваат. Брадавиците, исто така, понекогаш може да се израмнат за кратко време заради потење или едем(оток) на ареолата. Вовлечените или рамни брадавици понекогаш може да го отежнат доењето. За правилно да го доите вашето бебе мора да правилно да ја користите техниката на доење, па дури и со вовлечените брадавици можете да доите правилно. Најчесто, како што бебето повеќе цица, рамните и вовлечени брадавици ќе се извлекуваат се повеќе со текот на времето. Подобро е да се потрудите да го поставите бебето на града и да ги извлекувате брадавиците пред секое цицање отколку веднаш да користите силиконски брадавици. Внимателно и со употребата на силиконските брадавици. Тие имат величини и секогаш треба да ја одберете величината што е соодветна со големината на вашата брадавица. Доколку одберете поголеми силиконски брадавици а вашите брадавици се мали и не се соодветни со големината на силиконските,бебето нема да може убаво да ја празни градата бидејќи компресијата на брадавиците нема да биде правилна и доволна. Запомнете:важен е контактот на бебето со градата на мајката. Овој контакт допринсува за стимулација на создавање на мајчино млеко. Употребувајте силиконски брадавици само доколку е неопходно нивното користење.
Многу долгите брадавици може да му отежнат на бебето убаво да ја зафати ареолата за да ги компресира млечните канали и да извлекува доволно млеко. Бидете трпеливи и најдете соодветна положба за доење каде што големите брадавици нема да му пречат на бебето.
Што можете да направите
- Разговарајте со вашиот лекар или консултант за лактација ако сте загрижени за вашите брадавици.
- Можете да ги користите прстите за да ги извлечете своите брадавици. Можете исто така да разговарате со консултант за лактација за користење на помагало кое нежно ги извлекува вовлечените или привремено срамнети брадавици (види слика долу).
- Прицврстувањето на бебињата на мајки со многу големи брадавици ќе се подобри со текот на времето како што бебето расте. Тоа може да потрае неколку недели додека бебето не се научи да се прицврстува добро.