
Важно е да се знае дека инфантилната колика или грчеви кај бебињата не е болест, туку минлива состојба која е класифицирана во групата на функционални нарушувања на дебелото црево. Причините за појавата не се целосно разјаснети и се уште се предмет на бројни истражувања.
По правило, колика се јавува две недели по раѓањето, а најинтензивна е помеѓу 3 и 6 недела. Кај бебињата предизвикуваат неутешен плач. Во повеќето случаи спонтано престануваат до крајот на третиот, најдоцна до петтиот месец од животот.
Babytol Coli For You! се капки за орална употреба кои ги содржат добрите бактерии Lactobacillus reuteri, како и ензимот лактаза, кој помага во разградувањето на млечниот шеќер лактоза.
Се препорачува да се користат пет капки од двете шишиња, пред секое хранење/оброк.
Лактазата е ензим кој ја разградува млечниот шеќер лактоза. Кај голем број новороденчиња и доенчиња, сè уште неразвиениот и незрел интестинален тракт произведува мала количина на ензимот лактаза, што не е доволна за разградување на лактозата од млекото. Недоволно разградена во тенкото црево, лактозата од млекото стигнува до дебелото црево и таму се ферментира, што доведува до ослободување на големо количество гасови кои ги прошируваат цревата и предизвикуваат болка која се манифестира како колика (спазми). Оваа состојба обично поминува по четвртиот месец.
Лактазата се додава во мајчиното млеко или млечните формули, со цел да се разложи лактозата, сложен шеќер од млеко во едноставни шеќери, што го олеснува варењето и ја намалува појавата на грчеви во стомакот кај новороденчињата и доенчињата до 4 месеци.
Развојот на дигестивниот систем на бебето започнува за време на бременоста, а продолжува за време на породувањето со колонизација на добри бактерии, како и подоцна во текот на животот. Една од првите бактериски култури кои ја колонизираат цревната флора на новороденчињата е Lactobacillus reuteri. Таа е една од најдобро истражените добри бактерии за употреба кај доенчиња, чии ефекти се покажани во повеќе од 200 клинички студии. Lactobacillus reuteri е отпорен на киселата средина на желудникот, што му овозможува да стигне до цревата без оштетување.

































![Rilastil [Xerolact] Atopic – Дерматолошка линија наменета за навлажнување и негување на сува](https://bebelogija.mk/wp-content/uploads/2020/11/solvis-rilastil-atopic-100x70.jpg)

