Дали знаевте дека имаме моќ самостојно да влијаеме врз нашите мисли и да ја подобриме сопствената благосостојба? Еден од најдобрите начини да го постигнеме претходното е преку практицирање на јога, а со редовна примена на јогата за лице, благодарение на неколку едноставни вежби можеме да уживаме во витална и здрава кожа.

Можеби ви звучи чудно, но фацијалната јога постои и се применува поради повеќекратните придобивки. Фацијалната јога е уште еден аспект од познатата јога дисциплина и нејзина основна цел е тренирање на фацијалните мускули за подобрување на нивниот естетски изглед.

Според изреката, лицето е огледало на душата, и токму затоа – константото вежбање на фацијалните мускули ќе ви помогне во одржувањето на младешки и здрав изглед и појава. Со фацијалната јога ја промовираме цврстината на мускулите на лицето, го зголемуваме протокот на крвта – кој од своја страна влијае врз подмладувањето на кожата, го опуштаме лицето и ги намалуваме брчките и млитавоста.

Од Laboratorios BABÉ Ви предлагаме 4 едноставни вежби кои може да ги вклучите во вашата секојдневна рутина за нега на кожата. Добро време за вежбање е пред спиење. Исчистете ја кожата со Micellar Gel, продолжете го третманот со употреба на Revitalizing Booster и нанесете Multi Repair Cream за обнова на вашата кожа додека спиете. Сместете се удобно, со исправен грб и земете неколку длабоки здива пред да започнете. Иако има многу, предлагаме 4 вежби за започнување со вежби за фацијална јога. Доколку сте конзистентни, упорни и дисциплинирани, резултатите се гарантирани!

  1. Бакнеж до небо

Перфектни за вежбање на усните, обновување на цврстината на линијата на вилицата и вратот. Зафрлете ја главата благо наназад и погледнете нагоре, па дајте бакнеж, слично како кога бакнувате некого во образ. Повторете ја оваа вежба десет пати, на крај опуштете го лицето и вдишете длабоко.

  1. Торнадо
Можеби ќе ви се допадне:   Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС)

Вежба која ќе ви помогне да ги омекнете малите брчки кои се формираат околу усните. Со јазикот обиколете ја внатрешноста на вашите усни три пати, а потоа повтерете во спротивна насока. Повторете ја вежбата десет пати.

  1. Риба

Со оваа вежба работите на мускулите од образите и нивното зацврснување, со едновремено подобрување на циркулацијата. Вшмукајте ги образите најсилно што можете и задржете ја оваа позиција, едновремено тапкајќи по нив со дланките 30 секунди. Повторете ја вежбата десет пати.

  1. Изненадени

Вежба со која работите на зацрстување на мускулите и се забавувате! Одликна за зајакнување на мускулите околу очите и омекнување на гестикуларните линии на челото. Отворете ги очите широко, без да го набрчкате челото. Задржете ја оваа позиција додека земате четири длабоки здива, а потоа затворете ги очите на 10 секунди. Како и претходно, повторете десет пати!