
Тест за слух
На повеќето бебиња им се прави скрининг на слухот веднаш по раѓањето, обично пред да ја напуштат болницата. Се користат мали слушалки или микрофони за да се утврди како бебето реагира на звуците. Кај сите новороденчиња е потребно да се направи скрининг на слухот, бидејќи слушните дефекти не се невообичаени и губењето на слухот е потежок за детектирање кај бебиња и мали деца. Кога проблемите ќе се откријат навремено, децата можат да ги добијат соодветните третмани уште во рана возраст. Ова може да спречи доцнење во говорот, комуникацијата и размислувањето.
Имунизација против хепатитис Б
Сите новороденчиња треба да добијат вакцина за заштита од вирусот на хепатитис Б (ХБВ) пред да заминат од болницата. За жал, 1 од 5 бебиња кои се изложени на ризик од ХБВ инфекција, ја напуштаат болницата без да ја примат вакцината и потребниот третман за заштита на новороденчиња, дури и доколку се изложени на ХБВ при раѓање. ХБВ може да предизвика доживотна инфекција, сериозно оштетување на црниот дроб, па дури и смрт.
Вакцината против хепатит Б (HepB) е серија од три различни вакцини. Американската академија за педијатрија и Центрите за контрола на болести (ЦДЦ) препорачуваат сите новороденчиња да ја добијат првата HepB вакцина пред да заминат од болницата. Доколку мајката има ХБВ, нејзиното бебе, исто така, треба да добие HepB вакцина во рок од 12 часа од раѓањето. Втората HepB вакцина треба да се даде еден до два месеца по раѓањето. Третиот третман со HepB треба да се даде не порано од 24 недели, но пред 18 месеци. Согласно календарот за имунизација во нашата земја оваа вакцина ја добиваат и вашите новороденчиња додека се во родилиште.
Комплетен преглед
Веднаш по породувањето повеќето лекари или медицински сестри, исто така ќе:
- Ја измерат тежината, должината и обемот на главата на новороденчето.
- Ја измерат температурата на бебето.
- Го измерат дишењето на бебето и срцевиот ритам.
- Го избањаат и ќе го исчистат папочето на бебето.