
Дали размислувате за тетоважа?
Дали се уште го доите вашето бебе?
Дали сте загрижени за потенцијалните ризици поврзани со тетовирањето додека се уште доите?
Можете ли воопшто да се тетовирате додека доите?
Ви укажуваме на фактите за тетовирање при доење:
- Дознајте што може да предизвика тетовирањето (алергии, лузни и болка)
- Откријте како тетовирањето би можело индиректно да влијае на вашето бебе
- Прочитајте ги најлошите сценарија и како можете да се справите со истите
Подолу, се наведени сите информации кои треба да ги знаете за тетовирањето додека доите. Ако имате било какви проблеми, во оваа статија ќе бидете во можност да ги најдете сите одговори на вашите прашања.
Со вистинските информации, ќе бидете во можност да направите најдобра можна одлука за вашите сопствени преференции, како и за здравјето и безбедноста на вашето бебе.
Прочитајте за да дознаете повеќе.
Кои се шансите нешто да тргне наопаку?
Технички, секој пат кога ќе направите тетоважа, постои мал ризик од нешто да тргне наопаку. Настрана од шансите дека може да ве тетовира уметник кој не е многу добар во својата работа, секогаш постојат неколку потенцијални здравствени ризици поврзани со тетовирањето.
По погоре кажаното, сепак, се додека внимавате на изборот, при тетовирање, не треба да бидете премногу загрижени, без оглед дали доите или не.
Еве неколку ризици по здравјето кои треба да ги имате на ум пред да се тетовирате:
- Инфекција: Доколку не се грижите правилно за заздравувањето на вашата тетоважа, може да ризикувате да развиете инфекција која ќе биде потребно да се третира со антибиотици.
- Осип: Ова најверојатно ќе исчезне неколку дена по вашата тетоважа и е прилично нормална реакција.
- Алергиска реакција: Некои луѓе се алергични на одредени бои на мастилото за тетовирање. За жал, можеби нема да го дознаете ова додека не се обидете.
- Лесна болка: По тетовирањето обично се јавува болка дури и до неколку дена се додека не заздрави местото. Ова е нормално се додека болката не е голема.
- Лузни: Доколку не сте внимателни, при заздравувањето на тетоважата, може да се направи рана.
Повеќето од наведените, не се ризици кои ќе влијаат на вашето доенче на било кој начин. Меѓутоа, ако развиете инфекција, ќе треба да се консултирате со вашиот лекар за тоа дали да доите за време на третманот со антибиотици или не.
Кои фактори можат да ве загрижат при тетовирање?
Можете ли да се тетовирате додека доите во случај тоа да го направите во санитарна просторија? Кои се некои од факторите на ризик кои можат да ве загрижат? Точно е дека секогаш треба да бидете внимателни, да одберете чисто место за да се тетовирате без разлика дали доите или не, но има ли нешто друго кое треба да го проверите?
- Изберете студио кое има машина за стерилизација видлива за клиентите или доколку прашате, ќе ви ја покажат оваа машина.
- Изберете студио кое чува индивидуални стерилни игли и сетови.. Побарајте да ги видите иглите и сетовите пред да започнете.
- Одберете студио кое го држи пирсинг накитот во посебен, стерилен пакет. Иако ќе се тетовирате, а нема да ставате пирсинг, ова е уште еден одличен индикатор дека вашето студио се грижи за чистотата и безбедноста.
- За да дознаете кои салони за тетовирање ги поминале сите здравствени и безбедносни проверки, тоа проверете го во вашиот локален Центар за јавно здравје. Ако имате било какви причини за загриженост, одберете друго студио.
Што е најлошото што може да им се случи на мајки кои се тетовираат додека дојат?
Ако се најдете себеси во истражувања како “можам ли да се тетовирам додека дојам” најчесто ќе сакате да се јавите и да прашате, можеби ќе сакате да го знаете најлошото можно сценарио. Можете ли да се тетовирате доколку сте внимателни? Краткиот одговор е да. Додека обрнувате внимание на информациите во делот погоре во врска со дополнителни фактори на ризик и да се држите настрана од тие потенцијални проблеми, најлошото што може да се случи е дека може да се развие инфекција од вашата тетоважа и истата да се третира со антибиотици.
За жал, дури и тетовирањето во најчистото студио со стерилни игли се уште може да развие инфекција. Ова зависи од тоа како ќе го негувате тетовираното место. Поради оваа причина, секогаш треба да го направите она што вашиот тату-мајстор ќе ви препорача при пост-тату грижата.
Друг резултат од “најлошото сценарио” е дека вашиот тату-мајстор може да одбие да ве тетовира доколку знае дека доите. Иако некои немаат проблем, многу тату- мајстори ќе избегнат тетовирање на трудница или доилка.
Може ли тетоважата да влијае на вашето бебе?
Не постои простор за загриженост дека тетоважата ќе влијае на доењето на вашето бебе. Мастилото кое се користи за тетовирање нема да се префрли на мајчиното млеко. Дури и ако тетоважата е близу до вашите гради, не постои начин мастилото да помине во вашето мајчино млеко.
Се уште има неколку случаеви во кои вашето бебе може да биде засегнато, кога ќе добиете нова тетоважа:
- Доколку тетовираното место ве боли, можеби ќе треба да престанете со доење додека земате лекови.
- Многу луѓе го доживуваат она што е познато како “тату треска”, која вклучува болки, зголемување на температурата по тетовирањето. Ако ви се случи тоа, вашето бебе може да биде засегнато со тоа што нема да имате енергија или издржливост да се грижите за вашето дете, се додека не помине чувството.
- Ако сте тетовирани на или во близина на вашите гради и се појави осип или отворена рана од тетоважата, може да ви биде непријатно да продолжите со доењето. Ова, пак, ќе влијае на вашето бебе, бидејќи нема да може да цица.
Општо земено, сепак, нема директни ефекти со кои тетоважата може да му влијае на вашето бебе.
Заклучок
“Значи, можам ли да се тетовирам додека дојам?”
Во суштина, ако сакате да се тетовирате додека уште го доите бебето, нема причина да не го направите тоа. Се додека внимателно го следите здравјето и безбедноста на тетоважата и донесувате добри одлуки за тоа кој тату- уметник или студио ќе одберете да го посетите, немате потреба од загриженост.
Запомнете дека секогаш можете да побарате од вашиот тату- уметник да ви ги покаже стерилните игли или други предмети кои ги користи за време на тетовирањето. Ако не можат да ви покажат дека сетовите се стерилни, нема да згрешите ако отидете во друго студио.
И, се разбира, ако навистина сте загрижени за потенцијалните ризици од тетовирањето за време на доење, секогаш можете да почекате вашето бебе да престане да цица.































