
Формулата може да биде потешка за дигестивниот систем на вашето бебе. За повеќето бебиња, особено предвремено родените бебиња (бебиња родени пред 37-тата недела од бременоста), замената на мајчиното млеко како што е млечната формула е потешка за варење отколку мајчиното млеко. Формулата е направена од кравјо млеко, и често е потребно време за желудниците на бебињата да се прилагодат на варењето.
Вашето млеко се менува за да ги задоволи потребите на вашето бебе. Како што вашето бебе старее, вашето мајчино млеко се прилагодува за задоволување на променливите потреби на вашето бебе. Истражувачите сметаат дека плунката на бебето ги пренесува хемикалиите во мајчиното тело преку доење. Овие хемикалии му помагаат на телото на мајката да создаде мајчино млеко кое ги задоволува променливите потреби на бебето во тек на растот и развојот.
Животот може да ви биде полесен кога ќе доите. На почетокот доењето може да изгледа како понапорно од хранењето со формула. Но, доењето може да ви го олесни животот кога вие и вашето бебе ќе воспоставите добра рутина. Кога доите, нема шишиња и брадавици за стерилизација. Вие не мора да купувате, мерите и мешате формула. И нема потреба од греење шишенца, среде ноќ! Кога доите, можете веднаш да ја задоволите гладта на вашето бебе.
Доењето не ве чини пари. Формулата и снабдувањето со храна може да чинат поголемо финансско оптеретување секоја година. Како што вашето бебе старее, ќе јадe повеќе формула. Но, мајчиното млеко се менува со потребите на бебето, и на бебињата обично им е потребна иста количина на мајчино млеко додека стареат. Доените бебиња исто така поретко се разболуваат, што може да помогне во намалување на здравствените трошоци за вашето бебе.
Доењето ги зближува мајката и бебето. Физичкиот контакт е важен за новороденчињата. Тоа им помага да се чувствуваат посигурно, топло и утешено. Мајките исто така имаат корист од оваа блискост. Контактот кожа на кожа го зголемува нивото на окситоцин. Окситоцин е хормон кој помага при протокот на мајчиното млеко и може да ја смири мајката.
Понекогаш, хранењето со млечна формула може да спаси животи:
Многу ретко, бебињата се раѓаат нетолерантни на млекото од секаков вид. Овие бебиња мора да јадат формула за новороденчиња која е хипоалергична, без млечни производи или без лактоза. Широка селекција на специјални бебешки формули кои се наоѓаат на пазарот се соја формулата, хидролизирана формула, формула без лактоза и хипоалергична формула.
Вашето бебе може да има потреба од формула ако имате здравствен проблем кој нема да ви овозможи да доите и немате пристап до донаторско мајчино млеко. Изборот за хранење со адаптирано млеко е само доколку потои апсолутна контраиндикација (одредена болест) која е дијагностицирана и кај која замената на мајчиното млеко е клинички оправдана.
Консултирајте се со вашиот лекар пред да го храните вашето бебе, освен со вашето мајчино млеко.