
Кај новороденчиња со расцеп на горната усна доењето најчесто е успешно. Кај новороденчињата со расцеп на горното непце се очекува да имаат проблем во генерирање на негативниот притисок кој е потребен за успешен трансфер на млекото.
Американската Академија за Доење има изработено протокол за доење на бебиња со расцеп на горната усна или непце. Најголемиот пробелем кај овие бебиња е во неефективен трансфер на млекото заради аномалијата на усната или непцето кои учествуваат во процесот на правилно поставување на бебето на града и ефективно празнење на градата. Устата е таа која ја обвиткува брадавицата и дел од ареолата од надвор, а мекото непце се поткрева нагоре за да обезбеди континуитет во контактот со ѕидот на фаринксот(грлото) и да ја обезбеди усната празнина од позади. Кога јазикот и вилицата се движат за време на цицањето,устана празнина се отвара(зголемува) ,а со брановидното движење на јазикот и сукцијата се ослободува млекото од брадавицата.
Постои поврзаност помеѓу големината и типот на расцепот на усната на бебето и можноста од воспоставување на негативниот притисок во усната празнина. Помалите новороденчиња со поголем расцеп на усната имаат поголем проблем во воспоставување на негативниот притисок, а со тоа и помал трансфер на млекото од брадавицата. Многу од новороденчињата со изолиран расцеп на горната усна (доколку постои само расцеп на усната ,не го зафаќа непцето и носната празнина) имаат можност за успешно доење и воспоставување на добар контакт со градата како и добро празнење на градата. Ова се случува со добра компресија на брадавицата помеѓу јазикот и горната вилица со што се овозможува директен трансфер на млекото во усната празнина.
Најчесто поголемите новороденчиња со помал расцеп можат подобро да го воспостават доењето,додека помалите новороденчиња кај кои постои расцеп на устата заедно со расцеп на мекото или тврдото непце потешко можат да се припојат на градата, да обезбедат негативен притисок и ефективно празнење на градата. Кај овие новороденчиња се забележува замор при цицање,чести,долги и недаекватни цицања,недоволен транфер на млеко, а со тоа и недоволен напредок на бебето.
Американската Академија за Доење советува дека фамилиите на бебињата со расцеп на усната или непцето треба да се консултираат со консултанат за доење кој ќе има даде соодветни насоки како да се воспостави доењето до хируршко санирање на аномалијата и кој постојано ќе го следи напредокот на бебето во соработка со педијатар.
Совети за родителите:
- На родителите треба да им се објасни бенефитот од мајчиното млеко,неговата заштитна улога од чести воспаленија на увото кои се карактеристични за оваа група на новороденчиња.Доколку доењето неможе да се воспостваи,мајката треба да се едуцира за начинот на измолзување и давање на мајчиното млеко со шишенца кои се наменети за деца со деформитети на усната или непцата. Бенефитот од мајчиното млеко е голем како за развојот на новороденчето така и за фамилијата(финансиски дел).
- Едукација на мајките за положбите за доење кои се карактеристични за новороденчиња со ваков вид на аномалии( Бебето треба да биде поставено на градата така што расцепот на устата треба да биде насочен кон врвот на на градата .(Пример бебе со расцеп на усната од десната страна подобро може да се постави на града во “вкрстена-лулка” позиција на десната града,додека на левата града подобро поставување и цицање ќе има доколку е во “фудбалска позиција”. Доколку расцепот на усната е од двете страни(и на десната и на левата страна најдобра позиција е исправена положба со лицето и телото према мајката.
- Кај новороденчињата со расцеп на мекото или тврдото непце најдобра позиција за доење е полуисправена позиција за да се спречи назална регрутација (враќање на млекото преку носот). Се препорачува повеќе доење во фудбалска позиција(полуисправено) отколу доење во “вкрстена позиција”.

“Фудбалска позиција”
- Мајките кај новороденчињата со расцеп на устата треба да знаат како при цицање да се затвори расцепот за да може да се овозможи правилно опфаќање на градата од страна на бебето, а со тоа да се спречи движење на брадавицата или навлегување во расцепот. Некои експерти препорачуваат и стабилизирање на вилицата на бебето (со раката на мајката- “Dancer hold”) или придржување на градата за да остане убаво наместена во усната празнина на бебето (“Teacup hold”).
“Dancer hold”
- Постојат и ортопедски помагала “Протези за непцето” кои можат да се употребуваат до хируршката интервенција. Родителите треба да бидат едуцирани како да ги употребуваат.
- Редовно следење во напредокот на бебето и континуирана едукација и поддршка на роителите чии деца имаат расцеп на непцето (твро или меко),расцеп на усната или расцеп и на усната и на непцето.
Автор: Јасна Апостолски – Николов
Меѓународен консултант за доење – IBCLC



































