Семинар за трудници #1 – Октомври 2019

0
2204

ТЕМА: БРЕМЕНОСТ, ПОРОДУВАЊЕ, МАЈЧИНСТВО,
ДОЕЊЕ И НЕГА НА НОВОРОДЕНЧЕ

▪ Од 2 до 28 Октомври
▪ 8 часови (Понеделник – Среда)
▪ 4 модератори
▪ Изненадувања за секој учесник
▪ Промотивна цена (за првиот семинар): 2.500,00 ден.

▶ Локација: Хотел Скала – Водно (Тодор Александров 85)

МОДЕРАТОРИ:
▪ Јасна Апостолски Николов – дипл. мед. сестра, IBCLC
▪ д-р. Драгана Емел Маркоска – спец. педијатар
▪ д-р. Билјана Силјановска Гиговска – спец. гинеколог – акушер
▪ Бојана Стојменовиќ – психолог, семеен и системски советник

ПРОГРАМА:
▪ 1 час (2 октомври – 19:00 – 20:30)
– Подготовка за породување
– Психофизичка подготовка за породување
– Основни совети за правилен почеток на доењето и лактацијата
– Важноста на доењето уште во првиот час после раѓањето
– Состав на мајчиното млеко и неговата огромна улога во растот и развојот на новороденчето
– Улогата на консултант за доење

▪ 2 час (7 октомври – 19:00 – 20:30)
– Природно раѓање наспроти раѓање со царски рез (предности и негативни страни)
– Хигиена на раната (епизиотомија)
– Примена на епидурална анестезија за време на породувањето
– Положби за доење – во првите денови и по закрепнување на мајката
– Положби за доење кај предвремено родени бебиња и бебиња со одредени потешкотии во развојот (бебиња со вродени деформитети на колковите, бебиња со Torticollis – крив врат, бебиња со намалена мускулна трофика и тонус, и сл.)

▪ 3 час (9 октомври – 19:00 – 20:30)
– Што претставува лактацијата – совети за успешно доење
– Правилна поставеност на бебето на града – важен услов за успешно доење
– Знаци за глад кај бебето – како да ги препознаете и навреме да го поставите бебето на града
– Менаџмент за доење кај бебе кое има анкилоглосија (подврзан јазик) и кај бебе кое има горен френулум (подврзана горна усна)

Можеби ќе ви се допадне:   Контрацепција во периодот на доење

▪ 4 час (14 октомври – 19:00 – 20:30)
– Болни брадавици – причини и начини за третирање
– Рамни, нормални и вовлечени брадавици – менаџмент и совети за доење
– Оштетени брадавици – стадиум на оштетување – причина и третман на истите
– Доење кај мајка која има појава на егзем, алергиска реакција, вирусна инфекција или појава на кандида на градата (брадавицата или ареолата)

▪ 5 час (16 октомври – 19:00 – 20:30)
– Препознавање на преполнети гради – совети за мајките како да ги третираат и да спречат појава на мастит
– Мастит – инфективен и неинфективен
– Појава на абсцес кај лактациска дојка – доење кај мајка која има абсцес
– Употреба на лекови кај мајка која дои
– Контраиндикации за доење – привремени и апсолутни констраиндикации

▪ 6 час (21 октомври – 19:00 – 20:30)
– Употреба на силиконски брадавици кај предвремено родените бебиња
– Начин на одмолзување на градата – техника за рачно измолзување, измолзување со пумпа (каква пумпа да одберете)
– Чување, складирање и транспорт на мајчино млеко
– Употреба на галактогоги (суплементи кои поттикнуваат лактација)
– Исхрана кај доилки
– Алтернативни методи за хранење на бебето со мајчино млеко (шприц, лажичка, чашка или систем за релактација)
– Релакатација – што претставува и како можете повторно да го воспоставите доењето ако сте престанале да доите

▪ 7 час (23 октомври – 19:00 – 20:30)
– Нормални појави кај новороденче – физиолошка жолтица, нормална телесна температура, пеленски дерматит
– Хигиена и лапизација на папоче
– Употреба на пробиотици кај новороденчето
– Инфантилни колики – совети за родителите
– Нега на новороденче
– Суплементирање на новороденче со Витамин Д, Витамин К и Омега 3, улогата на овие суплементи за превенција и развој кај новороденчето
– Следење на раст и развој кај новороденчето – висина, тежина и обем на глава, употреба на перцентилни криви од страна на матичните педијатри
– Физиолошки напредок кај новороденчето кое се дои – колку треба да напредуваат во тежина, кои се долните граници за напредок во тежината доколку бебето е на ексклузивно доење

Можеби ќе ви се допадне:   Нова студија за динамиката на производство на мајчино млеко

▪ 8 час (28 октомври – 19:00 – 20:30)
– Доење кај мајка која имала психолошка траума во детството, кај мајка кај која е присутна одредена психолошка состојба за време на доењето
– Постпородилна депресија – совети како да се справите со истата
______________________________

Почитувани трудници, идни мајки и доилки,

Ве покануваме да присуствувате на престојнииот семинар во кој ви нудиме соодветна подготовка за бременост, доење и мајчинство. Семинарот опфаќа теми кои според долгогодишното искуство на предавачите се многу корисни и од голема помош во бременоста, раѓањето, мајчинството и доењето. Семинарот е во организација на Центарот за мајки “ЗДРАВО БЕБЕ”.

За прв пат имате можност да добиете стручни совети и соодветна подготовска за доење од првиот меѓународен сертифициран консултант за доење Јасна Апостолски Николов, дипл. мед. сестра, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници. Соодветни совети и подготовка за раѓање од спец. гинеколог – акушер Билјана Силјановска Гиговска, нега на новороденче и соодветни совети за мајките од спец. педијатар Драгана Емел Маркоска и подготовка за раѓање како и совети за постпородилниот период од психолог, семеен и системски советник Бојана Стојменовиќ.

По завршување на секое предавање сите учесници имаат можност за поставување на прашања за што е предвидено време за истите.

По завршување на семинарот заклучно со последниот час следува дружење со сите предавачи – едукатори, можност за дополнително запознавање, дискусија и поставување на прашања од темите кои се обработени на семинарот.

Ви благодариме за довербата!

Тимот на Здраво бебе

ПРИЈАВА ЗА СЕМИНАР

Ве информираме дека откако ќе се пријавите ќе бидете контактирани од тимот на Здраво Бебе – Центар за мајки за да ја потврдите пријавата.

Можеби ќе ви се допадне:   „Мојата приказна“ со Маја Ризов