
Како вашето дете игра, учи, зборува, делува и прави движења индицира за развојот на вашето дете. Развојните пресвртници се работи кои повеќето деца можат да ги направат во одредена возраст.
Што прават повеќето деца на оваа возраст:
Социјално и емоционално
- Сака да се дружи со другарчињата
- Сака да запознава нови другарчиња
- Поверојатно е да се согласи со правилата
- Сака да пее, да игра и да дејствува
- Свесно е за родот
- Може да каже што е реално а што е привидна игра
- Покажува поголема независност (на пример, може сам да го посети соседот од соседната врата [сеуште е потребен надзор на возрасни])
- Понекогаш има барања, а понекогаш е многу кооперативно
Јазик / комуникација
- На 5 години свири на гитара
- Зборува многу јасно
- Кажува едноставна приказна со користење на целосни реченици
- Го користи идното време; на пример, “Баба ќе биде тука.”
- Си го кажува името и адресата
Когнитивни (учење, размислување, справување со предизвици)
- Брои 10 или повеќе работи
- Може да нацрта лице со најмалку 6 делови од телото
- Може да напише некои букви или бројки
- Црта триаголник и други геометриски форми
- Знае за работи кои се користат секој ден, како пари и храна
Движење / физички развој
- Застанува на една нога 10 секунди или повеќе
- Скока; можеби ќе може да прескокнува работи
- Може да направи салто
- Користи вилушка и лажица, а понекогаш и нож
- Може самостојно да го користи тоалетот.
- Се лула и искачува
Реагирајте навреме и консултирајте се со лекарот на вашето дете доколку вашето дете:
- Не покажува широк спектар на емоции
- Покажува екстремно однесување (невообичаено страшно, агресивно, срамежливо или тажно)
- Невообичаено повлечено и не активно
- Е лесно расеано, има проблеми со фокусирање на една активност повеќе од 5 минути
- Не реагира на луѓе, или реагира само површно
- Не може да каже што е реално и она што е привидно
- Не игра на разни игри и активности
- Не знае да си го каже името и презимето
- Не користи множинска форма или минато време правилно
- Не зборува за секојдневни активности или искуства
- Не црта слики
- Не може да си ги измие забите, да се измие и да ги избрише рацете, или да се соблече без помош
- Го губи вештините кои некогаш ги имало



































