Превземи програма

Одбележувањето на Светската недела на доење секоја година од 01.08.-07.08, првата недела од Август е еден глобален настан кој секоја година го поддржуваат над 120 земји од светот. За прв пат овој тренд запчнува во 1992 година со иницијатива на WABA ( World alliance for breastfeeding), WHO (Светската здравствена организација) и UNCEF.

Во нашата земја веќе шеста година по ред во органзицаија на “Бебелогија”- школото за трудници и доење и “Доење со љубов” едукативна веб платформа се организираат настани за одбележување на СНД.

Настаните изобилуваат со едукативни содржини за трудници, доилки, мајки и здравствени работници. Нашето искуство во изминатите шест години покажа дека овој вид на настани и настани кои ги одржуваме теквно во годината за поддршка и промоција на доењето се повеќе од потребни.

Оваа година исто така настаните ке бидат со богата содржина од наши предавачи како и од странски предавачи кои се експрети во својата област.

Програмата за настаните можете да ја погледнете на нашата веб страна, а секојдневно ке известуваме и на нашите социјални медиуми bebelogija.mk I doenje_so_ljubov.

За настаните задолжително е пријавување на doenjesoljubov@yahoo.com

Превземи програма

Можеби ќе ви се допадне:   3 едноставни вежби за пренатален тренинг