5ти Април, 2022 (MIT – Massachusetts Institute of Technology)

За прв пат, истражувачите од МИТ извршија голема студија со висока резолуција на клетките во мајчиното млеко, овозможувајќи им да следат како овие клетки се менуваат во текот на периодот на лактацијата кај доилките.

Со анализа на мајчиното млеко произведено во првите три дена па се до две години после породувањето кај доилките, истражувачите успеја да идентификуваат различни промени во генетската експресија во клетките во млечните жлезди. Некои од овие промени беа поврзани со нивото на хормоните како фактор, болест кај мајката или бебето, период кога бебето почнува со градинка, доколку мајката почне да користи таблети за контрацепција.

“Оваа студија е досега единствена која опфаќа подолг период на лактација со што се докажува дека млекото се менува во текот на целиот период на лактација дури и после неколку години од почетокот на лактацијата” (Britany Goods-Доцент по инженерство на Дортмунд Колеџ и еден од водечките автори на студијата).

Истражувачите се надеваат дека ќе ја постават основата за подлабоки студии за тоа како мајчиното млеко се менува со текот на времето во текот на лактацијата.

Жлездите кои произведуваат мајчино млеко можат да произведат по еден литар мајчино млеко на ден, со месеци или години после породувањето. Проучувањето како клетките на жлездите кои произведуваат мајчино млеко можат да го постигнат ова во периодот на лакатација е тешко да се испита бидејќи неможе да се направи биопсија кај дојка во лактација за истражувачки цели. Сепак, неодамнешните студии покажаа дека мајчиното млеко содржи клетки преку кои можат да се вршат испитувања на неинвазивен начин.

Можеби ќе ви се допадне:   Во пресрет на Меѓународниот ден на IBCLC - Сертифицирани консултанти за доење

За оваа студија се собрани примероци од мајчино млеко од  доилки во различни временски интервали, од првиот ден после породувањето до 632 ден после породувањето. Собирани се информации и за начинот на живот и одредени болести кај доилките и бебињата во тој период. Изолирани се повеќе од 48.000 клетки, анализирајчи ги истите со РНК секвенционирање- технологија кој може да одреди кои гени се изразуваат во клетката во даден временски момент. Оваа анализа откри 10 типа на фибробластни клеки, два вида на епителни клетки и седум вида на имунолошки клетки. Убедливо, најзастапени клетки биле лактоцитите кои се еден вид епителни клетки. Ови клетки изразиле гени за протеините застапени во мајчиното млеко, како што е лакталбуминот, како и транспортери потребни за лачење на млечни протеини, микронутриенти, масти и други компоненти на маjчиното млеко. Помеѓу лактоцитите истражувачите идентификуваа еден кластер на клетки кој се чини дека се примарен произведувач на мајчино млеко и друг кој игра повеќе структурна улога.

Како што одминуваше времето (различна возраст на доенчето) истражувачите открија дека процентот на лактоцити вклучени во производството на мајчино млеко се намалува, додека процентот вклучен во структурната поддршка се зголемува. Во исто време гените кои се вклучени во одговорот на хормонот пролактин станаа поактивни во лактоцитите кои произведуваат мајчино млеко но, паднаа во структурните лактоцити. Истражувачите теоретизираат дека овие промени се поврзани со променливите нутритивни потреби на доенчињата додека растат.

Состав на млекото

Истражувачите, исто така, открија и поврзаност помеѓу составот на клетките во мајчиното млеко и тековните промени во животот на бебињата, доколку бебето тргне во градника, доколку мајката почне да користи хормонална тераоија за контрацепција и сл.

Можеби ќе ви се допадне:   Првите часови од животот на бебето - Дел 4

Постои јасна конекција помеѓу овие промени во животниот стил и здравјето. Овие промени не мора да имаат позитивно или негативно влијание на лактацијата но, тие се случуваат и можат да ни дадат еден увид во тоа како епителните клетки на млечните жлезди произведуваат млеко и видовите на компоненти кои ги произведуваат.

Истражувачите се надеваат дека оваа студија ќе биде појдовна точка за да се направат поголеми и подлабоки истражувања кои можеби ќе им помогнат на мајките како да го зголемат производството на мајчиното млеко, или да го намалат кога бебињата се одвикнуваат. Други последователни студии можат да истражат како и дали измолзувањето на градата може да влијае на составот на млекото?

Со градење на разбирање за оваа висока резолуција за лактациската разновидност во тек на времето додека трае процесот на доење, не само што ни дава начин да ја разбереме лактацијата туку поставува и дополнителни алатки кои можат да ни помогнат како можеме да создадеме подобри решенија за подобар квалитет на животот мајките кои дојат.

 

Пишува: Јасна Апостолски Николов дипл.мед.сестра, Меѓународен консултант за доење IBCLC, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници

 

Извор: https://news.mit.edu/2022/study-reveals-dynamics-human-milk-production-0405