Крвта што останува во папочната врвка по раѓањето е богата со матични клетки на новороденчето, а дополнителни матични клетки може да се најдат и во ткивото на попочната врвка. Откако ќе се роди бебето постои единствена можност да се соберат овие клетки и да се складираат во банка за матични клетки.

Матичните клетки се основата на животот. Од првата матична клетка – оплодената јајце клетка се развива целиот човечки организам. Со размножување и диференцијација на матичните клетки настануваат сите клеточни видови кој учествуваат во изградбата и функционирањето на ткивата и органите во организамот на човекот. Па така тие се менуваат и стануваат крвни, мускулни, нервни клетки или сите останати. Матичните клетки се заслужни за регенерација, како и репарација на состојби кои настанале при повреда или некое заболување. Тоа значи дека матичните клетки се присутни и потребни на организамот се додека постои живот.

Во последниот триместар од бременоста матичните клетки тргнуваат на патување и тие преку крвотокот стигнуваат во коскената срцевина. Ова нивно последно патување пред да се случи породувањето е причината поради која најголемиот број на витални матични клетки се наоѓаат во крвотокот на бебето додека е сеуште во стомакот на мајката. Милиони од овие матични клетки, кои по правило се слободни од вируси, се наоѓаат во папочната врвка. Често пати нив ги нарекуваме богатство во папочната врвка. Од матичните клетки од папочната врвка настануваат клетките на крвта, понатаму клетките на имунолошкиот систем или ткивата на различни органи. За разлика од матичните клетки од коскената срцевина, матичните клетки од крвта од папочната врвка не биле подложни на влијанието на стареење како и на останатати фактори од надворешната средина.

Можеби ќе ви се допадне:   Синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (СИДС)

Матичните клетки стареат заедно со нас! Најефктивни се разбира се младите матични клетки. За разлика од подоцна изолирани матични клетки , на пример од коскена срцевина на донор матичните клетки од папочна врвка не претрпеле оштетувања на својата ДНК кое може да се случи со стареењето на организмот, стресот и останатите фактори на надворешната средина или можеби останати болести кои може да бидат присутни кај човекот во текот на животот. Поради тоа е важно да се искористи единствената можност за да се обезбедат матичните клетки во ран стадиум кога и нивниот потенцијал за лекување е најголем. Најпогоден момент за тоа е породувањето.

Доколку се одлучите за сочувување на матични клетки на своето бебе, првата работа која би требало да ја направите е да го нарачате својот сет за земање на примерокот кој ќе ви биде потребен за во породилиштето. Bio Save Македонија е дел од Bio Save групата која е застапена во седум земји од регионот. Наш партнер е Fami Cord Group што претставува најголемата европаска банка за матични клетки од папочна врвка. Зад партнерството на Bio Save Group и Fami Cord Group стои најголемото искуство за сочувување на матични клетки какои нивната примена во третмани на различни заболувања.

Банката во Европа постои од 2002 година а денес ја претставува најголемата мрежа на специјализирани и акредитирани лаборатории ширум Европа со солидни и одржливи финансии. Во моментот има преку 750.000 единици на крв и ткиво од папочна врвка и досега има повеќе од 86 трансплантации или инфузии на единици на матични клетки од крв од папочна врвка. Од друга страна, има искуство со повеќе од 3.000 пациенти кои се третирани со матични клетки. Ова неспоредливо искуство нам ни овозможува соработка и прифаќање на сочуваните примероци во повеќе од 1.300 болници ширум Европа и светот. Извонредната стапка на успешни третмани е и најдобриот доказ дека заедничи и многу сериозно ја развиваме идеата за семејно приватно чување на матични клетки од папочна врвка и заслужено ја добиваме довербата на нашите клиенти како најголема и најстабилна банка од интернационална важност.

Можеби ќе ви се допадне:   Бременост и доење кај мајка која боледува од реуматоиден артрит

Ви благодариме, Ваш Bio Save

Митрополит Теодосиј Гологанов 54/1-1, 1000 Скопје I Т24/7  075/34 34 33 I info@biosave.mk