Beautiful pregnant woman smiling and doing exercises on the floor - isolated

Кегелови вежби (Dr. Arnold Kegel 1940 год.) се применуваат за зајакнување на мускулите на карличното дно. Доколку се користат правилно и се вежбаат во текот на бременоста помагаат за зајакнување на мускулите во карличното дно и подрачјето околку вагината (мускулите кои учествуваат во текот на породувањето и ја намалуваат инконтинецијата после породувањето).

Кој треба да практикува Кегелови вежби?

Жени на секоја возраст, трудници и родилки. Посебно внимание се обрнува во бременоста заради притисокот од тежината на бебето врз мочниот меур на трудницата. Вежбањето на Кегеловите вежби во текот на бременоста е единствен и најефикасен начин за зајакнување на мускулите на карличното дно.

За да можете да вежбате треба да ги разликувате и идентификувате мускулите на карличното дно. Тоа се прави при мокрење кога се трудите да го запрете млазот на урина. Запирате, држите 3 секунди и повторно се опуштате. Оваа вежба е само за да се научите да ги идентификувате мускулите на карличното дно.

Кегеловите вежби можат да се прават во секоја положба седејќи, лежејќи стоејќи и без никој да знае за тоа. Треба само да ги затегнете (контрахирате вагиналните мускули, како кога го запирате млазот на урина, држите 3 секунди и се опуштате). Ако вежбата ја изведувате правилно, стегате од назад кон напред ќе осетите блага контракција во долниот дел на стомакот. Исто така подеднаково е важно и да се опуштате, за да може да се издолжи карличната мускулатура. Да повториме стегате од назад кон напред, држите три секунди и потоа се опуштате.

Колку пати се повторуваат?

Ова зависи од состојбата во која се наоѓате бременост, стрес инконтиненција, болки при сексуален однос, после породување.

Можеби ќе ви се допадне:   Кога доењето не функционира

Се вежбаат 4 пати во денот по 10 вежби (како што е објаснето погоре).

Во текот на бременоста Кегеловите вежби се практикуваат за да се зајакнат мускулите на карличното дно, да се намали можноста за појава на инконтинеција или пролапс на карлилните органи, помага за зајакнување на мускулите кои учествуваат во породувањето. И запоменете, треба да се фокусирате на контракција исто како и на опуштање на мускулите.