Дали знаете дека постојат повеќе причини кои може да предизвикат различни облици на чешање на кожата: контактна егзема, уртикарија, сува кожа или други различни заболувања. Чешањето исто така може да биде предизвикано и од атопичен дерматит, честа форма на дерматит кој ги опфаќа како децата така и возрасните. Најчесто се јавува кај малите деца. Клиничката слика на атопискиот дерматит зависи од возраста. Кај децата до две годишна возраст се јавува на екстензорната страна на ектремитетите, лицето, додека кај децата над две години на флексорната страна на ектремитетите. Кај адолесцентите и возрасните симптомите се јавуваат во субакутен и хроничен  стадиум со појава на екскоријации, лупење на кожата и лихенификација (осипот е како цртеж на кожата).

Атописки дерматит претставува хронично, воспалително, повторувачко (рекурентно) заболување на кожата кое се карактеризира со црвенило и чувство на силен јадеж. Во основа на атопискиот дерматит е сува кожа, што е резултат на пореметување во метаболизмот на полинезаситена масна киселина Линоленска киселина што доведува до нарушена кожна бариера. Тоа од една страна доведува до зголемена и лесна загуба на вода преку кожата, поради што таа е сува, од друга страна доведува до лесно навлегување на бактерии и алергени во неа и како резултат на тоа се јавува воспаление на кожата. Основата во лекувањето на атопискиот дерматит претставува е локална хидратација на кожата и спречување на иритиацијата од факторите кои ја предизвикуваат.

Rilastil [Xerolact] Atopic е дерматолошка линија наменета за навлажнување и негување на сува, многу сува, сензитивна и кожа склона кон атопија и истата ја  прави поеластична. Формулирана со многу Omega киселини (3, 6, 7, 9) кои имаат емолиентно и заштитно дејство на кожата, Пантенол и Витамин Е кои даваат силно навлажнувачко и обновувачко дејство за совршено потхранета и заштитена кожа.

Можеби ќе ви се допадне:   Успешна приказна со Мелиха Умер

Rilastil [Xerolact] Atopic Cleansing oil – Mаслена купка за секојдневна хигиена на лице и тело со Омега 3, 6, 7, 9, витамин (Е и F) особено наменета за сува, многу сува и кожа склона кон атопија кај бебиња, деца и возрасни.

Rilastil [Xerolact] Atopic Intensive balm – Богата и кремаста  емулзија за интензивно навлажнување и интензивен третман со Омега 3, 6, 7, 9, витамин (Е и Б5) и Натриум Глициризинат. За возрасни, деца и бебиња.

Rilastil [Xerolact] Atopic Mousse – Емулзија која брзо се впива и е идеална за секојдневна употреба кај атопија во ремисија. За возрасни, деца и бебиња.

Повеќе информации на: https://www.facebook.com/SOLVIS.mk/