Многу бебиња имаат мало парче ткиво кое го поврзува горното непце со долната страна од горната усна. Ако ова ткиво е цврсто и / или широко и се чини дека ја ограничува способноста на усната да направи зафат за цицање на градите или предизвикува триење на усната од градите, таа се нарекува “врзана усна”.

Врзаните усни се топ тема во доењето во моментов, меѓутоа, нема истражувања во оваа област. Ние можеме да понудиме ослободување на усната врвца, обично заедно со ослободување на јазикот, доколку тоа претстваува проблем при доењето (особено при болни брадавици и тешкотии при прицврстување).

Отстранувањето на усната врвка трае само неколку секунди и може да се направи веднаш по ослободувањето на јазикот. Ќе има крварење слична на онаа која е опишана кај ослободувањето на јазикот. Како и кај ослободувањето на јазикот, не се препорачуваат вежби по завршување на процедурата. Не можеме да гарантираме дека ослободувањето на усните ќе помогне при доењето. Секогаш зависи од вас дали ќе одлучите да продолжите со доење.

Можеби ќе ви се допадне:   Предвремено раѓање или ниска родилна тежина