
Часовите за психофизичка подготвка на трудницте се едно прекрасно едукативно дружење на трудници кое понатаму прераснува во едно убаво пријателство. Досега сите посетители-трудници имаат прекрасно искуство и одлично дружење со најмилите и после породувањето. Учиме како најлесно да го поминеме родилниот период, и што не очекува, учиме и како да се грижиме за своето новороднче, доење и развој на лактација, безброј совети кои ќе ви ги олеснат првите денови после породувањето.
Теми кои ги опфаќаат часовите за психофизичка подготовка на трудниците се:
-Знаци кои го најавуваат раѓањето на бебето (кога ќе знам дека раѓањето започнува).
-Кога треба да тргнам во болница (како да бидам сигурна дека е време за да тргнам во болница).
-Како треба да бидам подготвена за во болница, што треба да понесам со себе.
-Родилен период-фази на родилниот период (што ме очекува кога ќе започне породувањето).
-Техниките на дишење и релаксација за време на родилниот период-зошто е важно да ги совладаме и употребуваме техниките за дишење.
-Вежбање на напонот за породување.
-Што треба да запомнам и внимавам при прегледот на прием во родилиште и зошто е тоа важно.
-Вежби за зајакнување на мускулатурата на грбот и карлицата, вежби за подобрување на циркулацијата на нозете (како да се справам со отоци на нозете).
-Доење и развој на лактација (што треба да знам за успешен почеток на мојата доенечка приказна).
-Зошто е важно доењето и исхраната со мајчино млеко (здравствени придобивки за мајката и бебето).
-Исхрана кај доилките.
-Измолзување, чување и складирање на мајчино млеко.
-Нормални физиолошки појави кај секое новороденче (физиолошка жолтица, пеленски дерматит, milia, lanugo, soor).
-Нега на новороденче, бањање, повивање, нега на папоче.
-Нега на епизиотомија, нега кај мајка породена со царски рез.
-Подготовки за бебето пред породувањето.
-Зачувување на матични клеки (информирајте се повеќе на biosave.mk)
Освен основните теми опфаќаме теми кои Вас ве интересираат и кои ќе ви помогнат да ја зголемите самодовербата, полесно да пристапите кон породувањето и новата улога-мајка.
Часовите се одржуваат со динамика од два часа неделно. Времетраење на еден час е 90 мин. Термините за одржување на часовите се во договор со трудниците и едукаторот кој ги одржува истите.
Еден циклус опфаќа 6 часа ( еден час со времетраење од 90 мин).
Часовите можат да ги посетуваат трудниците после 28ГН од бременоста.
Едукатор: Јасна Апостолски Николов-дипл.мед.сестра, сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници, IBCLC-сертифициран меѓународен консултант за доење.
НАПОМЕНА: Пријавувањето на трудниците кои сакаат да ги посетуваат часовите е на маил info@bebelogija.mk



































