
Нормално е вашите гради да станат поголеми, потврди и почуствителни кога ќе почнат да создаваат млеко. Понекогаш, оваа преполнетост може да се претвори во ангоргија, кога вашите гради се чувствуваат многу тврди и болни. Преполнетоста е резултат на создавањето на млекото. Тоа обично се случува во текот на третиот до петтиот ден од раѓањето. Но, тоа може да се случи во секое време, особено ако имате прекумерно создавање на млеко или не го храните вашето бебе или не го измолзувате вашето млеко често.
Преполнетоста исто така може да предизвика:
- Отекување на дојка
- Осетливост на дојките
- Топлина
- Црвенило
- Пулсирање
- Израмнување на брадавицата
- Ниско градусна температура
- Преполнетоста може да доведе до затнати канали или инфекции на градите, па затоа е важно да се обидете да го спречите тоа пред да се случи.
Што треба да направите
- Често доење. Додека вашето бебе е добро припоено и цица, дозволете му да се храни онолку колку што сака.
- Работете со консултант за доење за подобрување на прицврстувањето на вашето бебе, така што вашето бебе може да изпразни повеќе млеко од дојките.
- Дојте често на преполнетата страна за да се отстрани млекото, одржувајте го млекото слободно да се движи и да ја спречите преполнетоста на градите.
- На почетокот е користете цуцли или шишиња за да додадете храна. Обидете се да почекате за воведувањето на цуцла додека вашето бебе не е на возраст од 3 или 4 недели.
- Измолзете се или испумпајте млеко со помош на рачна или електрична пумпа за да ги омекнете градите, ареолата и брадавица пред доење.
- Масирајте ги градите.
- Користете ладни облоги на градите помеѓу подоите за да ја олесните болката.
- Ако се враќате на работа, обидете се да го измолзувате млекото по истиот распоред по кој сте го дооеле вашето бебе дома. Измолзувајте се најмалку на секои четири часа, или почесто.
- Одморете, хранете се правилно и пијте многу течности.
- Носете добар градник кој не е премногу тесен.
Обидете се со омекнување со обратна компресија да ја омекнете ареолата на брадавицата и помогнете му на бебето да се прицврсти. Обидете се со една од положбите во илустрациите подолу. Притиснете навнатре кон ѕидот на градниот кош и бројте полека до 50. Користете постојан и цврст притисок, но нежен за да избегнете болка. Можеби ова ќе треба да повторите неколку дена секој пат кога ќе доите.
- Една рака “Како да држите цвеќе”. Потребно е вашите нокти да бидат кратки. Свиткајте ги врвовите на прстите кон вашето тело и поставете ги таму каде што ќе оди јазикот на вашето бебе.
- “Две раце, еден-чекор метод”. Потребно е вашите нокти да бидат кратки. Свиткајте ги врвовите на прстите кон вашето тело и поставете ги на секоја страна од брадавицата.
- “Две раце, еден-чекор метод”. Можете да побарате од некој да ви помогне со тоа што ќе притисне ставајќи ги прстите или палците врз вашите.
- “Две раце, два-чекори метод”. Користете два или три прста на секоја страна, ставете ги врвовите на прстите на двете страни на брадавицата и движете ги со 1/4 вртење. Повторете над и под брадавицата.
- “Две раце, два-чекори метод”. Користејќи ги директно палците, поставете ги вашите палци рамномерно на двете страни на брадавицата. Движете ги со 1/4 вртење и повторете над и под брадавицата.
- “Метод мек-прстен”. Исечете го долниот дел од вештачката брадавица и ставете ја на ареолата. Притиснете со прстите.
































