
Јубилејна 5-та година од Светската недела на доењето во Македонија!
Од 1 до 7 август, низ целиот свет се слави Светската недела на доењето – а ние со голема радост ве покануваме да ни се придружите и оваа година на нашата јубилејна прослава!
Среќа е што веќе петта година по ред сме дел од глобалната мапа на WABA (World Allience for Breastfeeding Action – WABA), а програмата што ја подготвивме за 2025 е навистина уникатна:
- едукативни предавања и работилници
- гости од странство (во живо и онлајн!)
- уникатна фото-изложба која ќе биде поставена од 5 до 7 август во Центар Јадро – која го носи насловот „во меѓувреме дојам“ и го соголува самиот чин на доење, кој најчесто се случува вон очите на јавноста… изложбата е од фотограф Драгана Николоска.
Програмата ја започнуваме со активно споделување на едукативен материјал, споделување на едукативни видеа и постови, како и споделување на Вашите доенечки искуства и приказни.
Настаните од 5-ти до 7-ми Август ќе се одржуваат во живо во Центар Јадро, делумно и онлајн – но не сите сесии ќе бидат достапни дигитално, па за оние кои сакаат да присуствуваат физички, пријавата е задолжителна на:
snd.organizacija@gmail.com.

Од Хрватска ни доаѓа Зорица Ковач, која е претседателка на хрватското здружение на IBCLC консултанти за доење, и годинава ќе ни одржи две предавања на многу важни теми од аспект на поддршка на доењето!
Од Израел ќе ни се придружи онлајн д-р Џина Вајсман, која е еден од светски познатите експерти во полето на орални рестрикции, и ќе одржи прекрасна едукативна работилница на оваа тема!
е потребно да се пријавите на нашиот мејл: snd.organizacija@gmail.com.
бидејќи местата со физичко присуство се ограничени.
Следете нѐ на нашите социјални мрежи каде што секојдневно ќе има активности поврзани со оваа тема, и бидете и вие активен дел од ланецот на поддршка на семејства, кои имаат за цел да го овозможат доењето за сите кои тоа си го посакуваат!
Би сакале да изразиме голема благодарност до сите наши поддржувачи, кои придонесоа програмата да биде навистина посебна оваа година!
Се радуваме на вашето учество и се надеваме на уште една успешна дружба!
Наташа, Јасна и Ивана
Превземи ја програмата: ПРОГРАМА