
Кога вашето дете е на возраст од околу 6 месеци, можете да започнете да воведувате црвста храна и пијалоци во исхраната, секако покрај мајчиното млеко.
Храната и пијалоците со кои го храните вашето дете понекогаш се нарекуваат комплементарни прехранбени продукти. Може да ги воведете како “дополнување” или додавање на мајчиното млеко.
Помеѓу првата и втората година од животот на вашето дете, тоа ќе ги развие вештините потребни за учество во оброци со семејството, и кога вашето дете ќе има 2 години, ќе може да јаде повеќето од храната како и другите членови на семејството.































