
Планирањето однапред за враќање на работа може да помогне во олеснувањето на транзицијата. Пред раѓањето на бебето, научете колку што можете повеќе и разговарајте со вашиот работодавец за вашите опции. Планирањето однапред може да ви помогне да продолжите да уживате во доењето на вашето бебе долго откако вашето породилно отсуство ќе заврши.
Што можам да направам за време на мојата бременост за да се подготвам за доењето по враќањето на работа?
- Пред да се вратите на работа придружете и се на групата за поддршка на доењето за да разговарате со други мајки за доењето додека работите.
- Разговарајте со вашиот шеф за вашите планови за доење пред да се вратите од породилно отсуство.
- Разговарајте за разни типови на распореди со вашиот шеф, како што се отпочнување со скратено работно време на почетокот или со одговарачки смени.
- Дознајте повеќе за вашите права според законот за вработување . Законот бара од некои работодавци да обезбедат разумно време за одмор за вработените да го измолзат млекото, 1 година по раѓањето на нивното дете. Тие вклучуваат функционален простор и време за жените да го измолзат млекото секој пат кога е потребно.
- Во нашата држава секоја мајка која дои според законот за работни односи има право на пауза од еден саат која може да ја искористи за доење на своето дете. Доколку не ја искористи паузата во текот на работното време може да си замине еден саат порано од истекот на работното време.
- Истражете ги опциите за градинка во близина на работното место. Дознајте дали има достапен објект за згрижување на деца близу до местото каде што работите, за да можете да го посетите и да го доите вашето бебе за време на ручек или други паузи. Прашајте дали објектот има специјализрано место за мајките што дојат.
Што можам да направам за време на породилно отсуство за доењето да биде поуспешно откако ќе се вратам на работа?
- Доколку работното место дозволува искористете го целотот породилно отсуство.
- Вежбајте измолзувајќи го млекото со рака или со пумпа за гради неколку дена или недели пред да се вратите на работа. Во прв момент ќе ви биде чудно да одмолзувате мајчиното млеко во споредба со доењето на вашето бебе. Некои жени сметаат дека е корисно да се чувствуваат удобно со нивната пумпа за гради или рачното одмолзување додека се дома, во средина без стрес.
- Измолзувањето може да биде најдобриот метод за брзо отстранување на млекото за време на работата. Рачната пумпа за гради може да ви овозможи да работите додека се одмолзувате, ако работите во канцеларија. Погледнете во делот за Одмолзување и складирање на мајчино млеко за да добиете информации за тоа колку да одмолзувате и како да го чувате млекото.
- Одмолзете, додека вашето бебе спие или друг се грижи за него. Измолзете поголема количина на мајчино млеко за да може вашето бебе да се нахрани додека вие сте на работа.
- Помогнете му на вашето бебе да се прилагоди на пиење на мајчиното млеко од шише или чаша. Можеби ќе биде корисно некој друг да му го даде првото шише или чаша на вашето бебе. Има бебиња кои не прифаќаат шранење од шише но,доколку му го понудите од чаша иако се толку мали ќе го испијат.
- Разговарајте со вашето семејство и давателот на здравствена заштита за вашата желба за доење колку што е можно подолго. Дозволете им да знаат дека ќе ви треба нивната поддршка и како најдобро можат да ви помогнат. Следете ги овие предлози за тоа како луѓето во вашето опкружување можат да ги поддржат вашите цели за доење.
Што можам да направам кога ќе се вратам на работа за да ја олеснам транзицијата?
- Зборувајте со вашиот претпоставен за вашиот распоред и што ви или не ви одговара. Според Законот за заштита на правата на пациентите, повеќето работодавачи, со неколку исклучоци, мора да му понудат на работникот разумно време за пауза за одмолзување до 1 година по раѓањето на бебето и место кое не е тоалет, за удобно, безбедно и приватно измолзување мајчино млеко. Дознајте повеќе за тоа како да го заштитите вашето право на доење.
- Кога ќе го земете вашето бебе од градинка, можете веднаш да го доите. Ова ќе ви даде време повторно да се поврзете пред да заминете дома.
Колку често треба да се одмолзувам на работа?
На работа, ќе треба да се одмолзувате во периодот кога сте го доеле вашето бебе кога сте биле дома. Како општо правило, во првите неколку месеци од животот, бебињата треба да дојат осум до 12 пати во 24 часа. Како што бебето старее, бројот на хранења може да се намали.
Одмолзувањето може да потрае околу 10 до 15 минути ако користите пумпа за одмолзување. Понекогаш може да потрае подолго. Многу жени ги користат своите редовни паузи и паузата за ручек за да се одмолзуваат. Некои жени доаѓаат на работа рано или остануваат доцна за да го надополнат времето потребно за одмолзување.
Каде треба да го чувам моето мајчино млеко?
Мајчиното млеко е храна, па затоа е безбедно да се чува во заедничкиот фрижидер или кулер со ледени пакувања. Разговарајте со вашиот претпоставен или колегите за чување на вашето млеко во заедничкиот фрижидер доколку мислите дека некој од вработените не би се согласил. Ако работите во медицински оддел, не чувајте млеко во истите фрижидери каде што се чуваат медицински примероци.
Етикетирајте го садот со мајчино млеко со вашето име и датумот кога сте го измолзиле млекото. Обидете се да го чувате млекото во задниот дел од фрижидерот, каде што е најстудено и температурата е постојана.
Доколку се вратите порано на работа и треба да се измолзувате неколку пати во текот на работнот време,измолзувајте се и чувајте го млекото. Доколку немате достапен фрижидер носете со себе кулер торба и ставете од додатоците кои држат ладно. Можете да го чувате млекото во кулер торбата и безбедно да го однесете дома.
Колку мајчино млеко треба да измолзам/оставам за моето бебе во текот на денот?
Можеби на работа ќе треба да се одмолзувате два до три пати секој ден за да направите доволно млеко за вашето бебе додека е со дадилка. Ова е значајно доколку се вратите порано на работа додека бебето е сеуште мало и мајчиното млеко е единствениот извор на храна на бебето. Количината на млеко што треба да ја оставите дома зависи од возраста на детето. Консултирајте се со консултант за лактација доколку порано се вратите на работа. Напревете план за хранење и според него колку мајчино млеко треба да оставите на дадилката.
Истражувањата покажуваат дека доените бебиња помеѓу 1 и 6 месеци земаат во просек од 60-120 мл на хранење. Како што вашето бебе старее, вашето мајчино млеко се менува за да ги задоволи потребите на вашето бебе. Значи, вашето бебе ќе добие исхрана која му е потребна од ист број милилитри на 9 месеци, како што земало на 3 месеци.
Некои бебиња јадат помалку во текот на денот кога се далеку од нивните мајки, а потоа цицаат почесто ноќе. Ова се нарекува “обратен циклус на хранења”. Или бебињата можат да јадат во текот на денот и уште повеќе да цицаат ноќе. Ова се случува затоа што вашето бебе копнее за блискоста со вас. Ако вашето бебе има обратен циклус на хранења, не треба да измолзувате премногу млеко за вашето бебе во текот на денот.