
Некои мајки се чувствуваат непријатно кога дојат во јавност. Имате право да го доите вашето бебе каде и кога вашето бебе е гладно. Постојат закони кои ги штитат мајките доилки. Ако ви е тешко да доите во јавност, можете да пробате некои советите подолу за дискретно доење.
Совети за доењето во јавност
- Носете облека која ќе овозможи лесен пристап до вашите гради, како што се блузи со патент или кои се откопчуваат од половината надолу.
- Користете паучна пелена околу рамената за да покриете нешто што не сакате да го изложите јавно.
- Дојте го бебето обвиткано во тетра пелена или марама. Марамите или други меки памучни носачи се особено корисни за патување. Тие прават бебето да се чуствува удобно и блиско до вас.
- Користете женски салон или гардероба во продавници ако сакате да доите во приватен или тивок простор.
- Вежбајте го доењето дома со памучна пелена или други техники на покривање ако планирате да ги користите за да вие и вашето бебе се чувствувате пријатно.
Тоа ви помага да го доите вашето бебе пред да стане вознемирено, така што ќе имате време да влезете во удобно место или да ја одберете најудобната позиција за доење. (Со текот на времето, ќе ги научите знаците за глад на вашето бебе.) Кога ќе стигнете до вашата дестинација, пронајдете место каде што можете да доите, каде што ќе се чувствувате најудобно.
Совети за справување со критики
Ако некој ве критикува за доењето во јавноста, запомнете дека законот го штити вашето право да го нахраните вашето бебе на било кое место. Вие немате потреба да одговорите на секој кој ве критикува за доењето. Ако се чувствувате во опасност, оддалечете се подалеку од лицето кое ве критикува и побарате луѓе кои можат да ве поддржат.
Запомнете дека ги исполнувате потребите на вашето бебе. Не е можно постојано да останете дома и треба (и може) да се чувствувате слободни да го нахраните вашето бебе додека сте надвор. Треба да бидете горди на вашата посветеност! Воедно, нема шишиња што значи помалку работи за пакување и нема грижи за вистинската температура на млекото.
Разговарајте со други доилки за тоа како тие се справиле со критики во јавноста. Иако никој никогаш не треба да ве критикува за исхрана на вашето бебе, тоа може да помогне однапред да знаете како другите мајки постапиле во слична ситуација.