
За да се стекне техниката вашето бебе правилно “да се припои” потребна ви е поголема пракса. Може да се обидете со различни држења на доење за да му помогнете на вашето бебе правилно да се прицврсти на дојката. Воочете ги знаците на правилно припојување.
Како можам да му помогнам на моето бебе правилно да се припои додека учи да цица?
Чекорите подолу може да му помогнат на вашето новороденче да се прицврсти на градите и да почне да цица доколку е подготвено. Допуштајќи му на вашето бебе да го започне процесот на барање на градите може да направи да ви се намали притсокот во градите и да го задржи бебето мирно и опуштено. Овој пристап на учење е порелаксиран, само- припојување на бебето за градата. Понекогаш се нарекува биолошка положба или доење во биолошка положба, овој стил на доење овозможува вашето бебе да го води и следи неговиот инстинкт за цицање.

Што овозможува оваа позиција:
- Бебето лесно може да ја најде градата и самото да почне да цица
- Овозможува подобро припојување за градата и подобар трансфер на млеко
- Новороденчето ги користи природните, вродени инстикти
Имајте на ум дека не постои само еден начин да се започне со доење. Доколку бебето е добро припоено, другото зависи од вас.
Најпрво создадете мирна атмосфера. Софа со перница или друга удобна област. Бидете но место каде што можете да бидете опуштени и смирени. Држете го бебето кожа на кожа. Држете го бебето на вашите голи гради, носејќи само пелена. Држете го бебето исправено помеѓу вашите гради и некое време само уживајте во своето бебе без да го доите.
Дозволете му на бебето да води. Ако вашето бебе не е гладно, тоа ќе остане стуткано во градите. Ако вашето бебе е гладно, тоа ќе ја крева главата кон вас, обидувајќи се да направи контакт со очите и ќе се врти наоколу. Научете како да ги прочитате знаците за глад на вашето бебе. Наместете го вашето бебе, но не го присилувате на припојување. Држете му ја главата и рамената додека ја бара вашата града. Избегнете го искушението да му помогне да се приопои.
Ако сте се обиделе со пристапот “под водство на бебето” и вашето бебе сеуште има проблеми со припојување, прочитајте ги овие совети:
- Со брадавицата нежно допирајте ги усните на бебето за да го наведете да ја отвори устата. Може до го допрете бебето со брадавицата помеѓу горната усна и носот. Почекајте бебето широко да ја отвори устата.
- Повлечето го бебето кон себе, така што прво со брадата и долната вилица ќе се приближи кон градата.
- Брадавицата треба да биде што подалеку од долната уста на бебето, односно да биде што подлабоко и погоре во устата. На тој начин бебето ќе може да фати поголем дел од градата.

Кои се знаците на правилно доење?
Правилното доење можете да го препознаете по следните знаци:
- Прицврстувањето е удобно за вас и не ве повредува или штипка.
- Бебето со градите лежи на вас. Вашето бебе не мора да ја сврти главата додека цица.
- При правилното доење ареолата не треба воопшто да се гледа или пак ќе се гледа многу малку (темниот круг околу брадавицата), зависно од нејзината големина и големината на устата на бебето.
- Устата на вашето бебе треба да биде полна со градата, а неговата брада да биде допрена до неа.
- Јазикот на бебето треба да се наоѓа помеѓу долното непце и градата, односно треба да се протега врз непцето. Ова ќе можете да го видите ако нежно ја повлечете долната усна на бебето малку надолу.
- Ќе можете да слушнете како бебето голта. Некои бебиња голтаат толку тивко што паузата во нивното дишење може да биде единствениот знак за голтање.
- Можете да забележите дека ушите на бебето се мрдаат.
- Устата на вашето бебе не е вовлечена навнатре, туку нанадвор.
- Вие дури и не можете да ја видите долната усна на бебето.
- Брадата на вашето бебе ја допира градата.































