Она што студиите го докажаа е дека во првите 20 месеци има 10 периоди на “скок во развој” кај бебето/детето. Секој “скок во развоj” му овозможува на детето да ги насочи сите информации на нов начин и да ги користи во понапреднато ниво во својот раст и развој, не само физички туку и ментално, со тек на времето поптполно да функционира и да размислува како возрасен.

Секој период на “скок во развој” секогаш е придружен со фаза на плачење и фаза на чувствителност кога бебето бара повеќе внимание од мајката или дадилката. Интересно и возбудливо е дека сите бебиња го поминуваат истото во точно определениот временски интервал и обично овие периоди траат од 10-14 дена. Овие десет периоди на скок во развој не секогаш го следат и физичкиот развој, често може да се поклопи, но тоа е само коинциденција. Многу од развојните периоди на бебето во текот на првите 20 месеци, како што е излегување на првото запче, исто така не се поврзани со овие периоди на ментален развој.

Пресвртниците во менталниот развој, можат од друга страна да се рефлектираат  во физичкиот развој, иако тие во никој случај не се ограничени на тоа.

Можеби ќе ви се допадне:   Првите часови од животот на бебето - Дел 1